Дек 17, 2016

Нов моден бренд во Охрид

Нов моден бренд во Охрид. Сите љубители на високата мода од Њујорк и Париз ќе можат да си го купат своето уникатно парче облека во „Rumor“ шоп креирано од светски познати модни креатори: Ристо/Париз, Монографи /Париз, СЕВ/Париз, Елла/Исланд и Џуми Лим – We are owls NewYork/Њујорк. Покрај со квалитет „Rumor“ своите клиенти ќе ги привлекува и со цени прикладни за македонскиот пазар. Идејата за отварање на еден ваков ексклузивен бутик е на две талентирани личности од светот на модата во Охрид, Лејла Гогова и Алек Бимбилоски. „Rumor“  е нивна голема заедничка желба од  детските пријателски дено…

Авг 12, 2021

Камион усмрти пешак кај „Оровничка плажа“

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа која се случи вечерва околу 19 часот, на патот Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“.  Вечерва околу 19:00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на стариот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, товарно возило удрило пешак, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршија полициски екипи, поради што сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат. Повеќе информации во текот на утрешниот ден – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.     извор: ОхридПрес

Дек 17, 2016

Слаба искористеност на осигурувањата за посевите во Охрид

  Слаба искористеност на осигурувањата за посевите. Во Охрид сеуште е мал процентот на осигурување за заштита на земјоделските површини од временските непогоди. Повеќе од половина од трошоците за тоа ги дава државата, велат од Работната Единица за поддршка на земјоделието и руралниот развој. Одговорната од работната единица во Охрид Билјана Ѓорческа кажа дека и покрај државната поддршка што неколку години наназад се обезбедува, искористувањето на тие средства е мало. Таа со апел. „Да си го осигураат имотот затоа што климатските промени во нашиот крај се многу променети, имаме мраз, неврем…

Дек 17, 2016

ЦИВИЛ: Многу неправилности, малку демократија

Граѓанската организација ЦИВИЛ смета дека предвремените парламентарни избори кои се одржаа пред една недела ни од далеку не беа ниту фер ниту демократски. Тие бараат од Државната изборна комисија и од другите надлежни институции повторно и целосно да ги пребројат гласовите во сите изборни единици, бараат ревизија на неважечките гласачки ливчиња, бидејќи како што велат, за неважечки ливчиња се прогласувани и такви каде што јасно се гледа волјата на гласачите. Очигледно е дека во Македонија политичките структури очекуваат една поинаква иднина за своите мандати, се борат за мандат повеќе кој …

Дек 17, 2016

Намалено рибокрадството во Охрид

  Се потесен станува кругот околу рибокрадците во Охрид. Танас Танасоски од „Пастрмка 2012“ тврди дека изминатите неколку години, откако тие стопанисуваат со овој воден ресурс, нивните служби со будно око го следат и контролираат езерото, но вложиле и големи финансиски средства за набавка на софицистирана опрема која им помага во тоа, посебно во ноќните часови кога оваа појава е најевидентна. „Ако зборуваме за рибокрадството, сигурно, апсолутно на охридското крајбрежје е намалено и во повеќе наврати сум истакнал дека 80 до 90 % е заштитено езерото“ Останува уште една мала група на рибокр…

Дек 16, 2016

Посната трпеза солена, ама без неа не се може

  Посната трпеза солена, ама без неа не се може. Поголемиот број на христијански прзници се слават за време на Божиќните пости. Рибната чорба, посно гравче, риба, посна сарма, туршија се дел од традиционалните македонски јадења кои се наоѓаат на секоја трпеза во фамилиите кои имаат некоја слава. Охридските пазарџии велат од година во година опаѓа куповната моќ на граѓаните а со тоа и нивниот промет се намалува, а цените сметаат дека се нормални. Но граѓаните кои ги анкетиравме на денешното студено време, сметаат дека охридскиот пазар е скап, а дел од нив имаа и други забелешки. Рибата е…

Дек 16, 2016

Охриѓани заинтересирани за средствата од ИПАРД 2 Програмата

  Во охридскиот регион има голема заинтересираност, за искористување на средствата од ИПАРД програмата. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во јануари 2017 година ќе објави Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија – ИПАРД 2 програмата за периодот 2014-2020 година, пренесува Билјана Ѓорческа одговорната на охридската работна единица. Таа нагласи дека во ИПАРД 2 програмата имало новини кои досега не биле застапени. „Интересно е да се каже за новата ИПАРД …

Дек 16, 2016

Во Македонија е се поприсутен говорот на омраза

Во Македонија е се поприсутен говорот на омраза. Причина за неговото секојдневно проширување е што истиот не се препознава или не се сака да се препознае од страна на институциите во системот, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.Говор на омраза имаме спрема секоја група со заеднички идентитет и карактеристики. Најчесто е по основ на социјално потекло, кон ромската заедница, поради сексуална ориентација, поради етничка припадност, кон заедниците во Македонија кои се во малцинство, особено кон албанската заедница. Она што е особено изразено во последниот период е се поприсутниот…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top