Охриѓани заинтересирани за средствата од ИПАРД 2 Програмата

Во охридскиот регион има регистрирани околу 1500 земјоделски произведители кои се заинтересирани за искористување на средствата од ИПАРД 2 компнентата. Барањата на Охридските индивидуални земјоделци најмногу се однесуваат за набавка на нови трактори, информираат од Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој од работната единица Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Во охридскиот регион има голема заинтересираност, за искористување на средствата од ИПАРД програмата. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во јануари 2017 година ќе објави Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија – ИПАРД 2 програмата за периодот 2014-2020 година, пренесува Билјана Ѓорческа одговорната на охридската работна единица. Таа нагласи дека во ИПАРД 2 програмата имало новини кои досега не биле застапени.

„Интересно е да се каже за новата ИПАРД 2 компонента што кофинансирањето почнува од 60%, минатата година беше фиксно 50%. Оваа година 2017, кога треба да стартува ИПАРД 2 компонентата се ставени и за тие корисници што имаат посеано житни и фуражни култури. Програмата за рурален развој досега ги работеше сега сите овие мерки се префрлени во ИПАРД 2 компонентата за 2017 год.

Финансиските средства од ИПАРД 2 компонентата се наменети за три мерки, инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и диверзификација на фармите за развој на бизниси, појаснува Ѓорческа. Додава дека охридските земјоделци најмногу биле заинтересирани за првата мерка.

„Најголем интерес кај нашите индивидуални земјоделски произведители е за набавка на нови трактори и приклучна механизација. Нашите земјоделци сакаат да си ги обноват тракторите бидејќи им се стари повеќе години и исто така и за приклучна механизација во овоштарството за набавка на мулчери, атомизери, прскалици во градинарството за одредени работи…. опрема за садење, транспорт итн

За 2016 година поднесени биле околу 50 барања на земјоделците за искористување на средствата од ИПАРД Програмата, открива Ѓорческа. Од нив околу 80% биле одобрени од општините Охрид и Дебрца. Очекувањата на Ѓорческа се дека за 2017 година ќе има поголем број на апликанти бидејќи поднесувањето барање за ИПАРД Програмата ќе биде по електронски пат, документацијата ќе биде многу намалена. Во Охрид досега се регистрирани околу 1500 земјоделски производители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top