Јан 28, 2021

Се планира модернизација на градскиот фудбалски стадион

Градскиот фудбалски стадион ќе се модернизира оваа година. Застарената инфраструктура на стадионот и тревнетите површини ќе претрпат реконструкција, информираат од СРЦ Билјанини извори. Додека се чека да се заврши изградбата на источната трибина на стадионот ќе се инвестира во нови зафати со помош на Македонската фудбалска федерација, вели Гордана Јованоска, дир на СРЦ Билјанини извори. „ Во 2201 г. ќе аплицираме за нова трибина на западниот дел каде што е сега постоечката монтажна трибина. Кога ќе се добие целосно нов лик на теренот ќе мора да се постават рефлектори за главниот стадион. З…

Јан 28, 2021

Почнуваат тест натпреварите за ГРК „Охрид“

Во сабота 30 јануари, во Скопје, против Голдент Арт КЛ7, охридскиот градски ракометен клуб ги започнува контролните натпревари во подготвителниот период. Натпреварите од плејофот стартуваат на почетокот на март. Се натпреваруваат осум екипи, ќе се играат по седум кола дома и во гости, или вкупно 14 кола. Победникот во плејофот е победник и шампион на првенството. РК Бутел Скопје ќе биде прв противник на ГРК Охрид.

Јан 28, 2021

Изречен голем број казни за неносење заштитна опрема на лице

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 365 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Јан 28, 2021

Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, Македонија на 111-то место

Во најновиот објавен Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл Северна Македонија е рангирана на 111-то место со 35 бодови. Индексот користи скала на бодови од нула (многу корумпирана земја) до 100 (некорумпирана земја). Ова место Македонија го дели со Босна и Херцеговина и Монголија. Во регионот пред Македонија се Хрватска на 63-то место, Црна Гора на 67-то, Бугарија на 69-то, Србија на 94-то и Косово на 104-то место. На врвот, првото место го делат Данска и Нов Зеланд со 88 бодови. Следуваат Финска, Сингапур, Шведска, Швајцарија, Норвешка Холандија и Германија. Индек…

Јан 27, 2021

Гир: ЕУ ја дели загриженоста на УНЕСКО за заштитата на Охридскиот регион

Денеска сум во Охрид за како ЕУ да ја дадеме подршката и да ја нагласиме  важноста на заштитата на статусот на исклучителна универзална вредност доделен на Охридскиот регион од страна на УНЕСКО, кажа евроамбасадорот Дејвид Гир по работната средба со Градоначалникот Константин Георгиески. ЕУ ја споделува загриженоста на УНЕСКО кои укажуваат на ризикот Охридскиот регион да се најде на листата на светско наследство во опасност и го разбираме огромниот јавен интерес за заштитата на природното и културното наследство на регионот, изјави Гир. „Заштитата на природното и културното наследство на …

Јан 27, 2021

Агенцијата за млади и спорт ќе се зафати со решавање на проблемите во спортот

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски информира дека работат на решавање на проблемите во спортот. Покрај тоа што создаваат услови за тренирање и постигнување резултати на спортистите, ќе ги решаваат наталожените децениски проблеми. Во престојниов период приоритет им е средување на состојбите во Пливачката Федерација. Во моментов, напоменува дека таму е хаотична ситуацијата која негативно се рефлектира врз работата на пливачките школи. „Има големи проблеми во пливачката федерација. Повеќето пливачки федерации кои ги имаме си влечат секоја на своја страна, а на крај губ…

Јан 27, 2021

Планинската спасителна служба доби возила и специјална опрема за спасување преку проект од ЕУ

Презентирани возила и специјализирана опрема за спасување во зимски услови од проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“. Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија и Министерството за Локална Самоуправа, а го спроведуваат Црвен крст Охрид, општините Дебрца и Грамш од Албанија и Алпинистичкиот Клуб Патагонија од Охрид. Сашо Точков, претседателот на Црвен крст Охрид, во чии рамки функционира Плананинската спасителна служба напомена дека со функционирањето на модерниот оперативен центар за с…

Ное 22, 2021

СДСМ Охрид : Проектот за реконструкција на „Македонски Просветители“ беше потпишан од Константин Георгиески

Откако Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков најави дека започнува реконструкцијата на булеварот „Македонски Просветители“, од СДСМ Охрид преку соопштение обвинуваат дека овој проект е на претходниот градоначалник, Константин Георгиески. Започна реконструкцијата на улицата “Македонски Просветители”, проект кој беше најавен уште во 2020 год, а договорот за негова реализација официјално беше потпишан на 3-ти септември од градоначалникот Константин Георгиески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Радува фактот што актуелниот градоначалник Кирил Пецаков ги продолжува проек…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top