Се планира модернизација на градскиот фудбалски стадион

 Ќе се подновува застарената инфраструктура на фудбалските терени на охридскиот СРЦ Билјанини извори. Се планира реконструкција на монатажната западна трибина и поставување на ново осветлување. На тревната површина  ќе се постават електронски прскалки за наводнување.

 |  Валентина Неловска  | 

Градскиот фудбалски стадион ќе се модернизира оваа година. Застарената инфраструктура на стадионот и тревнетите површини ќе претрпат реконструкција, информираат од СРЦ Билјанини извори. Додека се чека да се заврши изградбата на источната трибина на стадионот ќе се инвестира во нови зафати со помош на Македонската фудбалска федерација, вели Гордана Јованоска, дир на СРЦ Билјанини извори.

„ Во 2201 г. ќе аплицираме за нова трибина на западниот дел каде што е сега постоечката монтажна трибина. Кога ќе се добие целосно нов лик на теренот ќе мора да се постават рефлектори за главниот стадион. За вештачката трева ќе има тендер во февруари. Чекавме да се изгради за да видиме каде ќе се разводното орманче и трафостаницата како ќе може да се користат за да може да ги употребат 3 стари столбови од главниот стадион на вештачката трева и да поставиме уште два кои ќе се потребни за целосно осветлување “.

На тревната површина од стадионот се планира да бидат поставени електронски прскалки за наводнување. Кај нас е застарен овој систем, а треба што поскоро да го има на охридскиот фудбалски стадион. Јованоска напоменува дека ваков современ систем за наводнување е пракса на спортските терени насекаде во светот.

„Тие се на сензор , компјутерски ја мерат влажноста на почвата. Кога ќе има потреба се активираат и наводнуваат колку што е потребно, а сега тоа се прави рачно“.

Терените со вештачка трева при изградбата не добија соблекувална и осветлување па сега мора да се комплетираат и тие терени, вели Јованоска. Има голем интерес за користење на фудбалските терени од страна на домашни и странски фудбалски клубови.Затоа мора да се инвестира во создавање на што подобри услови за тренинг. Во Охрид, овој месец  на подготовки се наоѓаат повеќе фудбалски клубови од соседна Србија и од Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top