Фев 7, 2017

Основците од „Григор Прличев“ достојно го одбележаа својот патронат

  На одбележувањето на патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“, синоќа беше потпишан меморандум за продлабочување на соработката на училиштето со Гете Институтот. Директорката Силвија Мојсовска потсети дека соработката со ГЕТЕ Институтот била започната пред 7 години и нивното училиште е едно од трите во Македонија каде што по една паралелка во генерација го изучува германскиот јазик. „Користат разни модерни техники и инструменти за работа, опремија и една училница и ова е само едно продолжување на соработката бидејќи веќе има нова директорката, и со тоа продолжуваме и понатака. Оваа пара…

Фев 7, 2017

Детектор за лаги оваа сабота на репертоарот на Охридскиот Народен Театар

Оваа сабота, 11-ти февруари, охриѓани и гостите ќе имаат можност да ја проследат претставата „Детектор за лаги”. „Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст: +15 Билети се во продажба на билетарата на Центарот за култура по цена од 200 денари.

Фев 7, 2017

Нина Балабан, спортист на годината

УПРАВНИОТ ОДБОР НА СОЈУЗОТ НА СПОРТОВИ НА ОХРИД, ВО СОРАБОТКА СО СПОРТСКАТА ЈАВНОСТ И СПОРТСКИТЕ НОВИНАРИ, А ВРЗ ОСНОВА НА ДОБИЕНИТЕ АПЛИКАЦИИ, ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ПОЕДИНЦИ, ОДЛУЧИ ДА ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈА ВО СЛЕДНИТЕ КАТЕГОРИИ:   АТЛЕТИКА, ЕКИПНИ СПОРТОВИ, ПОСЕБНИ ПРИЗНАНИЈА И ПЕРСПЕКТИВА НА СПОРТОТ ВО ОХРИД.   ЗА НАЈПЕРСПЕКТИВНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ ДАВИД КРСТЕСКИ ТЕКВОНДО/ФУДБАЛ-ГОЛМАН ЧОЛЕСКИ ХРИСТИЈАН БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦА ЧОЛЕСКИ ХРИСТИЈАН БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦА МАРТИН ПАТЧЕВ КАЈАК ВИКТОРИЈА АЛЕКСИЕСКА РАКОМЕТ ЈА…

Фев 6, 2017

Охрид го слави споменот на Григор Прличев

Со панихида и положување на цвеќе на вечното почивалиште  на Григор Прличев денеска беше оддадена почит на славниот ловороносец. Голем број охриѓани, ученици, советници и пратеници  одадоа почит на истакнатиот македонски писател и преродбеник од 19 век. Денес, Охрид со низа активности го одбележа споменот на  Прличев  „Вториот Хомер“.  Во спомен куќата на Прличев градскиот хор ја изведе неговата поема 1762 лето, а беше промовирано  адаптираното издание на Прличевата автобиографија од  Славе Ѓорго Димоски. Слово за делото на Прличев како претставник на македонската книжевност од 19 век од в…

Фев 6, 2017

Набрзо ќе се реконструира дел од ул „Стив Наумов“

  Ќе се санираат оштетувањата на дел од патот ул „Стив Наумов“, најавуваат од општина Охрид. Во право се забелешките на граѓаните дека голем процент од трупот на патот е уништен и пропаднат признаваат од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Портпаролот Љупчо Танески, кажа дека нивните стручни тимови на терен ја увиделе лошата состојба и дека веќе преземаат мерки за надминување на проблемот. „За тековната 2017 година овој дел од ул „Стив Наумов“ е предвиден за реконструкција и санација, односно е во тендерот кој што неодамна е активен за крпење на ударни дупки и асфалтирање на…

Фев 6, 2017

ОУ „Глигор Прличев“ го одбележува својот патронат

  ОУ Глигор Прличев го одбележува својот патронат. Денеска наградените ученици и претставници на Локалната самоуправа, пред споменикот на поетот во дворот на училиштето, положија свежо цвеќе. Со тоа продолжуваат бројните пригодни манифестации кои се одржуваат во институциите кои го носат името на големиот охридски преродбеник. „Наставниците и учениците, сите заедно овој ден го чуствуваме како празник, прославувајќи го името на нашиот патрон, оддавајќи му почит. Сите ученици се ангажирани, за приредбата за игрите и за сите останати работи кои се потребни за да се одбележи овој ден“ Ваквит…

Фев 4, 2017

Студената зима им ги изгоре дрвата на граѓаните

Студената зима им ги изгоре дрвата на граѓаните. Голем дел од нив се жалат дека речиси веќе и да немаат дрва за огрев. Посебно се загрижени пензионерите. Прашуваат дали оние кои се снабдија со дрва преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца ќе можат повторно да нарачаат бидејќи на ваков начин дадена им е можност дрвата да ги плаќаат на рати, а тоа е големо олеснување за нивниот буџет.Сега преку здружението не може да се нарачаат дрва. Ние веќе запишуваме заинтересирани кои сакаат да купат дрва на рати, но тие ќе ги добијат дури на есен. Сите кои имаат потреба од дополнителна количина…

Фев 4, 2017

Оваа зима врие од глувци во градов

И по извршената дератизација од страна на екипи од Центарот за јавно здравје граѓаните од стариот дел на градот и од населбата Бараки „Гоце Делчев“се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред четири месеци со дератизација беа опфатени 3000 шахти во охридскиот регион, но глодарите и понатаму ги има во голем број и тоа во населени објекти и подруми. Тоа пред се се должи на лошите временски услови поради што глувците бараат засолниште, објаснува Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Охрид.Ако е потребно ние ќе извршиме и дополнителна дератизација…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top