Мар 8, 2017

Нова метео опрема за македонските аеродроми

Скопскиот и охридскиот аеродром ќе добијат нови метеорадари по 20 години.Напредните метеоролошки системи ќе обезбедуваат квалитетни информации за временските услови до екипажот во авионите, аеродромите и до другите корисници. Проектот го спроведува Македонска навигација и е вреден 750 илјади евра. Договорот за опремата беше потпишан во декември 2015 година.Со проектот ќе се набават нови АВОС/АТИС/ВОЛМЕТ системи за аеродромот во Скопје и еден АВОС-систем за аеродромот во Охрид.– Постојните системи беа инсталирани во1996 година, а се наоѓаат во оперативна употреба од 1997 година. Со новите си…

Мар 8, 2017

ДЗС: Подолговечни, побројни, но забораваат на себе

Државниот завод за статистика, во пресрет на меѓународниот ден на жената, ги почести припадничките на понежниот пол со интересни податоци. Имено, лани во земјава било увезено свежо цвеќе во вредност од речиси еден милион евра. Половина од овие пари бОд сите активности кои жените ги имаат дома, 16 проценти отпаѓаат само на чистење – државниот завод за статистика, во пресрет на меѓународниот ден на жената, ги почести припадничките на понежниот пол со интересни податоци. Имено, лани во земјава било увезено свежо цвеќе во вредност од речиси еден милион евра. Половина од овие пари биле потрошени…

Мар 7, 2017

Мандатите истекуваат, неизвесно како ќе функционираат општините до редовните избори на градоначалници

На крај на месецов истекува мандатот на охридскиот градоначалник и на Советот како и на останатите први луѓе во општините во земјава. По овој датум градоначалникот нема да има никави службени овластувања. Неизвено е како ќе функционира локалната самоуправа во ваква ситуација кога законодавецот не предвидел можност кога државата нема Влада и Собрание кој и како да се распишат редовни локални избори. За разлика од министрите, на кои кога не е избрана нова влада мандатот автоматски им се продолжува, тоа со локалната власт не е случај. Јавноста сега се прашува како ќе функционираат општините ко…

Мар 7, 2017

Тротоарот на дел од улицата Коста Абраш повторно узурпиран од столици и маси

Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот. Со првите сончеви зраци се врати и старата слика на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На ова место има и огромна фрекфенција на пешаци кои се приморани да се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во тераси на угостителските објекти. Твм во повеќе наврати на барање на граѓаните пишуваше за овој проблем. Но, Локалната не презеде никакви мерки за негово решавање.Твм побара информација дали угостителските објекти на овој дел од улицата Коста Абраш имаат дозвола за поставување урбана опрема над…

Мар 6, 2017

„Едно капаче – Една надеж“

„Едно капаче – Една надеж“. Еколошиот одбор, сите вработени и ученици од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец заедно со подрачните училишта во Куратица, Ливоишта и Косел се придружија кон оваа хуманитарна акција која ја иницираше Македонска Медицинската студентска асоцијација. Треба да се соберат 250 килограми капачиња кои ќе бидат испратени во Турција и кои ќе бидат рециклирани. За возврат се добива една инвалидска количка која ќе биде донирана на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди. Учениците од овие училишта сесрдно ја прифатија акцијата и …

Мар 6, 2017

Талевска: Жолтиот локвањ е во опасност од исчезнување, но тоа сеуште со точност не може да се утврди

Нискиот водостој на Охридскот Езеро го попречи појавувањето на жолтиот локвањ. Сеуште рано е да се зборува за целосно исчезнување на ова украсно водно растение кое пленува со својот прекрасен изглед посебно во периодот кога цути со жолт цвет, вели д-р Марина Талевска од Хидробиолошкиот завод во Охрид. Додава дека неколку фактори допринеле за намалување на површината каде што се протега локвањот, како што е раширувањето на трската но и зголеменото количество на отпадни материи кои се фрлаат во езерските води. „Годинава пак случајот е малку поинаков. Со опаѓањето на нивото на Охридското Езер…

Апр 26, 2017

Поддршка за законските измени на регулативата за лицата со посебни потреби

Охриѓани и стружани денес се приклучија на граѓанската иницијатива за измени во законската регулатива која се однесува на лицата со посебни потреби. Од 10 часот, кога почна собирањето на потписите, до пладне над 200 граѓани ставија потпис на петицијата за поддршка на законските измени, информира Гордана Лолеска од Здружението на граѓани со ретки болести. „Задоволна сум што охриѓани покажаа голема зрелост и познавање на барањата од родителите. Медиумите си го направија своето и граѓаните беа запознаени со нашите барања и доброволно го дадоа својот потпис“, истакна Лолеска. И стружани покаж…

Мар 6, 2017

Вања Иванова од Бугарија го пронајде скриеното богатство на Градиште

Малото некогашно праисториско наколно живеалиште „Заливот на коските“ во Градиште, секоја година крие богатство за посетителите. Годинава дел од традицијата за пронаоѓање на охридскиот бисер изработен од фамилијата Филеви, беа туристките од Бугарија. Овој прекрасен настан кој секоја година се организира во пресрет на празникот на жената 8 ми март, не само што претставува своевидна атракција туку и ден кој засекогаш останува во спомен. Така го доживеа и младата туристка од Бугарија, Вања Иванова која беше најсреќна и го пронајде клучот на богатството. „Изненадена сум, засекогаш ќе ми остане …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top