Денес во големата сала на општина Охрид се оддржа јавна расправа на сметководителите и корисниците на книговодствените услуги. Целта беше подобрување на квалитетот на предлог-тарифникот со кој би требало да се утврди минималниот надомест за месечните трошоци за книговодствени услуги. Од Институтот на сметководители и овластени сметководители, понудија предлози во врска со критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги. Претседателката на ИСОС, Ленче Папазовска, вели дека тоа би значело создавање на услови за подобрување на квалитетот на книговодствените услуги но и постигн…
Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, со историски час ги одбележаа 74 -те години од одржувањето на Второто заседение на Авној на 29-ти и 30-ти ноември 1943 година. Присутните ги поздрави Гоце Георгиески, Претседател на Општинскиот сојуз на борци од Охрид и Дебрца, по што му даде збор на проф. Наце Иваноски. Историчарот говореше за улогата и значењето на Авној пред голем број присутни воени ветерани, резервисти, пензионери, титоисти, претставници на политички парти, НВО и ученици. Професорот Иваноски ги пот…
Масовното труење на кучиња се повеќе ги загрижува сопствениците на домашни миленици. Стравуваат за безбедноста на своите миленици при прошетките. Бездомните кучиња најчесто страдаат од отров нанесен на храна но истиот може да се распраши и во околината каде што е фрлена затруената храна. За да се заштитат животните ветеринарите апелираат на кучињата да им се ставаат заштитни маски. Ване Стојковски, ветеринар од амбулантата „Тони“, посочува доколку сепак се случи вдишување или голтање веднаш да се повика ветеринар.
„ Важна е количината на отровот. Вдишаниот отров не може да предизвика серио…
Од 9 до 14 април во охридскиот регион ќе престојува Комисијата на Унеско. Од Националната канцеларија на УНЕСКО во Скопје не откриваат детали што се е на агендата на експертите од организацијата за заштита на светското културно наследство, но засега, неофицијално, се очекува да се врши увид во НП Галичица во однос на планираниот експресен пат до Свети Наум и ски центарот на Галичица како и Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. Комисијата ќе оствари средби и со невладини организации. Граѓанското здружение за заштита на животната средина Еден и граѓанската иницијатива Охрид СОС ќе бидат …
Во Црвен Крст Охрид во тек е реализација на националната програма за млади – ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности). која има за цел да обучи младинци на возраст од 13-17 години, кои ќе бидат оспособени да пронајдат целна група, да ги истражат потребите на целната група и да изнајдат решенија за да ја остварат целта, конкретна помош и ублажување на страдањата на оние на кои помошта им е најпотребна. Младите организирани во тимови, веќе преземаат конкретни активности за реализација на својата цел. Еден од тимовите, работи на собирање на средства кои ќе бидат наменет…
Сајбер криминалот е во пораст, а во регионов има доста талентирани хакери. Борбата со нив е постојана и затоа младите треба да се обучуваат како да се справат со овој вид криминал, вели еден од најпознатите етички хакери Ралф Ечемендија кој работи за ФБИ. Спопред него „Кодфест“, програмерскиот маратон кој започна вчера во Охрид и на кој има учесници од повеќе земји од регионов и пошироко е одлична можност програмерите да ги развијат своите бизнис вештини и да се заштитат од хакерите.
Моето присуство овде е доволен показател дека секој може да успее, без оглед од каква средина доаѓа. Jас по…
Има надеж за опстанок на веслачкиот клуб „Југ“. Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески одржале состанок на кој се разгледале случувањата со Веслачкиот клуб „ Југ“ и предложиле мерки како Локалната самоуправа може да придонесе за спас од згаснување на најстариот спортски клуб во Охрид, информира советникот Јоне Станкоски, кој е претседател на Комисијата за млади и спорт.
Донесовме одлука на последниот состанок на комисијата да му предложиме на Советот да донесе одлука за покривање на трошоците на веслачкиот клуб Југ, како тој не би згаснал. Очекувам на наре…
Општина Дебрца продолжува со градежните активности околу реконструкција на Домот на култура во Лешани. Минатата година за таа намена, Бирото за регионален развој од Скопје преку Министерството за Локална самоуправа на општина Дебрца и додели средства во висина од 3 милиони денари, а исто толку средства од својот буџет одвои и општина Дебрца.
„Практично тука планираме да го сместиме училиштето деветтолетката и да имаат и самите ученици подобри услови за работа, меѓутоа оставивме и простор за жителите кои што сакаат да одржат состаноци или да се дружат, значи во самиот комплекс да има и такв…