Авг 18, 2021

Станари на зграда и хотел се обвинуваат меѓусебно за создавање депонија

На паркингот пред х. Белведере се создава депонија, обвинуваат станари на соседната станбена зграда. На просторот каде се поставени садовите за отпад има големи количини амбалажа и комунален отпад надвор од контенјерите, а добар дел завршува и во околното зеленило. Станарите до нашата редакција испратија и снимки како потврда дека дел од огромните количини отпад кои секојдневно ги генерира хотелот, завршува надвор од контејнерите. Велат дека службите од ЈП Охридски Комуналец доаѓаат скоро секоја втора вечер меѓутоа ги празнат само контејнерите, но не и расфрланата амбалажа и ѓубре надвор од…

Мај 8, 2017

Автентични фотографии од победата над фашизмот

Победата над фашизмот, доловена преку триесеттина автентични фотографии од Втората светска војна. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворена изложбата по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот. Организатори на овај настан беа Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид и Општина Охрид. Пораката која што ја праќа оваа изложба е дека не треба да го заборавиме 9ти мај и тоа што нашите минати генерации и претходници го вградиле за тоа што денес го имаме и треба да го чуваме и негуваме, рече почесниот конзу…

Мај 8, 2017

Зголемување на бројот на летови до охридскиот аеродром бараат туристичките работници

Повеќе авиолинии до најголемиот и најатрактивен туристички центар, Охрид, бараат туристичките работници од охридско струшкиот регион. Туристичките работници од хотелскиот еснаф смеаат дека од исклучителна важност е гостите наместо во Скопје да слетуваат во Охрид. „Секако треба да се разгледаат сите опции кои постојат за зголемување на бројот на летовите до охидскиот аеродром. Тука не гледам некоја конкуренција помеѓу охридскиот и скопскиот аеродром бидејќи и двата се на ТАВ, така да и во нивен интерес е да бидат подеднакво искористени, не во еден да има гужви а другиот да биде неискористен…

Мај 8, 2017

ОО Црвен Крст Охрид го одбележа светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

ОО на Црвен крст Охрид и оваа година се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. Водени од основните принципи ја мобилизираме моќта на хуманоста да спасуваме животи и да го намалиме страдањето, вели Сашо Точков претседателот на охридското движење на Црвениот Крст. „На денешен ден во 1928 година, роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположникот на движењето на Црвениот Крст, во таа чест насекаде во светот се чествува овој ден. Ние со мала пригодна свеченост каде нашите во…

Мај 6, 2017

Одбележан денот на реката Дрим

Денот на реката Дрим се одбележа со трибина во селото Орман. На средбата учествуваа претставници од различни институции, инспекторатите за животна средина, од Секретаријатот на Дрин Кор групата, ученици и локално население кое живее по текот на Коселска Река која пак е под сливот на реката Дрим. Станува збор за засегнати страни кои влијаат врз донесување на политики и на ситуацијата со Коселска Река и Црн Дрим како главна река, информира Ѓоко Зороски од ЕД Грашница. Тој кажува дека постојано посочуваат проблеми кои со години се исти. Тоа се неопфатеноста на населените места со пречистителни…

Мај 6, 2017

Охриѓани добро обучени за пружање прва помош

Охриѓани посебно младите заинтересирани да се обучат како да пружат прва помош. Според податоците со кои располага Општинската организација на Црвен крст, 20 до 30% од населението знае да укаже прва помош правилно, вели Сашо Точко, претседател на Црвен крст Охрид. Денес по 46-ти пат се одржа Општинскиот натпревар по прва помош. На седум пунктови низ градов, младите активисти од Црвен Крст заедно со учениците од основните и средните училишта кои посетуваа обуки за прва помош, ги спроведуваа предвидените активности. Годинава околу 200 млади биле обучени за давање прва помош, биле вклучени во …

Мај 6, 2017

Центарот за јавно здравје овој месец ќе дејствува против глодаритe

Центарот за јавно здравје овој месец ќе продолжи со системска дератизација. Тоа е една од мерките за заштита на населението од заразни болести од глодарите, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Со пролетната дератизација што ќе ја спроведуваат наскоро, ќе бидат опфатени 3000 шахти во разни делови од градот. Епидемилогот појаснува зошто претежно во стариот дел од градот  се јавуваат стаорци и покрај континуираната дератизацијата која се прави.   „Во Охрид многу се гради и се уништуваат леглата на глодарите. Им се уништуваат живеалиштата па тие ги напуштаат и се населуваат во соседн…

Мај 5, 2017

Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција

Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција. СВР Охрид е гарант на безбедноста на охриѓани, но и на туристите кои доаѓаат, истакна портпаролот на Секторот, Стефан Димоски на денешниот свечен прием по повод 7мај, Денот на македонската полиција. Тој додаде дека СВР Охрид е современа полициска организација која во сузбивањето на сите видови криминалитет практикува современи полициски методи тактки и стратегии.Состојбите во јавниот ред и мир се исклучително позитивни, во Охрид нема негово нарушување од поголем обем. Сите случаи се решаваат веднаш, со пронаоѓање на сторит…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top