Двата отворени градски базени и денес не беа наполнети со вода. Влезната врата остана заклучена. Не беше дозволен влез во кругот на базените. Големиот базен е полупразен, а малиот воопшто не е наполнет со вода. Сезоната за капење е веќе почната и во осмиот ден од месец јули базените не проработеа. Се „удавија“ во вода ветувањата од СРЦ дека од 3 јули базените ќе се пуштат во употреба бидејќи подготовките за полнење се при крај. Телефонски го контактиравме Директорот на ЈП Билјанини извори, Ристе Мишев кој само кратко прокоментира дека базените се полни со вода и ќе почнат со работа од понед…
Некои од охридските плажи кои имаат концесионери и оваа сезона останаа без спасители и обележани капалишта. За помалку од еден месец од почнувањето на капачката сезона езерото однесе две жртви. Од Црвен крст кои се единствени овластени за обуки и издавње на лиценци на спасители на вода информираат дека на охридското крајбржје 40 посто од плажите немаат спасители на вода, а на струшкото крабјрежје тој процент е 50 посто. Тие веќе испратиле до Министерството за транспорт и врски, Капетанија и Локалната самоуправа ажурирани списоци со податоци кои плажи кои се под концесија не го почитуваат За…
Три фамилии од Долно Лакочереј Охрид, 4 децении живеат без вода во своите домови. Тропајќи од врата до врата по надлежните институции, тие освен како што велат омаловажувања не добиле никаква надеж ниту некое ветување дека некој ќе се нафати да го реши проблемот. Димитар Свилар, кој е познат крводарител и кој досега дарувал 188 пати крв, за ТВМ раскажа како е да се живее без вода и што се направил за да донесе вода во неговиот скромен дом.
„На сите им дадоа вода мене и на комшиите не. Незнам зошто, само велат дека сме дојденци и ништо не сме допринеле за селото и затоа за нас вода нема. На…
Еколошки освестените луѓе упатуваат осуда за сечењето на борот кај Летница, критикувајќи дека сечењето треба да биде последна опција, а социјалните мрежи вријат со најразлични коментари. „Изгледа ќе чадит само афалт како во Скопје“,„Уште две три маси плус“,„Суви гранки се кастрат, цело дрво само кај нас“,„Страшно беше кога падна гранката. Таа беше трула и требаше само да ги потсредат гранките затоа што стеблово што го гледам е здраво. Не сум експерт ама душата ме боли“,„Од каде оваа омраза кон дрвјата. Како епидемија низ цела Македонија! Едно време имаше забрана за сечење дрвја“,„Најубавите…
Банките треба да бидат подготвени на големи предизвик. Доаѓаат времиња на нови играчи во пазарот на финансиските особено платежните услуги. Станува збор за нови нефинансиски компании кои ги спојуваат финансиите и новите технологии особено ИТ технологиите. Од година во година се зголемува нивниот број, а ова важи и за Македонија. Тука лежи и иднината.
„Ние неможе ниту да замислиме каде се тоа ќе не одведе бидејќи навистина регулаторот како регулатор не е оној кој ги води овие промени, туку овие промени доаѓаат од самиот пазар и од оние кои подобро ги познаваат овие работи од нас.Ние како ре…
Се гради ново детско игралиште во дворот на OОУ„Григор Прличев“. На локацијата веќе се поставени најсовремени реквизити за забава и се врши поплочување на подлогата со бехатон плочки. На игралиштето ќе биде поставена и специјална гумирана подлога, која е во согласност со стандардите за безбедност.
Според планираното, откако ќе завршат активностите за уредување на ова игралиште, ќе започне изградбата на ново детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“ во непосредна близина на новиот терен за баскет.
Претходно, ново детско игралиште беше изградено на пешачката патека кон „Горица“. Ср…
Земјотресите ја „размрдаа“ и побарувачката од осигурителни полиси. Граѓаните најчесто бараат информации кои се однесуваат на основното осигурување од пожар или домаќинско осигурување, укажува Ристана Николовска регионален менаџер од Сава Осигурување. Таа појаснува дека е потребно посебно осигурување од земјотрес.
„Осигурувањето од пожар , основните ризици кои ги опфаќаат тие осигурување не влегуваат осигурувања од земјотрес. Граѓаните кои имаат и домаќинско оисгурување или пакет осигурување во кој влегуваат предмети, кражби, разбојништва, поплави, порој и други осигурувања исто так ане гио…
Падна уште едно повеќе децениско зимзелено дрво како резултат на одлуките на Комисијата за сечење дрва при локалната самоуправа. Овој пат станува збор за дрво лоцирано во близина на градскиот плоштад веднаш до угостителскиот објект „Летница“. Граѓаните на Охрид и туристите кои ги анкетиравме не се согласуваат со ваквата постапка на службите на локалната самоуправа. Велат дека на Охрид му е потребно зеленилото и се надеваат дека службите на локалната ќе донесат одлука, на местото на дрвото да биде засадена садница од друго растение.
Од локалната самоуправа со став дека станува збор за поста…