Банките во стартап компаниите добиваат нови опасни конкуренти

На пазарот на платежни услуги се појавуваат нови компании кои се опасни играчи, играчи кои ќе бидат голема конкуренција за банкарските групации. Големите банкараски групации  пак за  да се заштитат  со цел да не изгубат голем дел од платежните пазари, се здружуваат со овие компании кои ги спојуваат финансиите и  интернет технологиите.

 |   | 

Банките треба да бидат подготвени на големи предизвик. Доаѓаат времиња на нови играчи во пазарот на финансиските особено платежните услуги. Станува збор за нови нефинансиски компании кои ги спојуваат финансиите и новите технологии особено ИТ технологиите. Од година во година се зголемува нивниот број, а ова важи и за Македонија. Тука лежи и иднината.

„Ние неможе ниту да замислиме каде се тоа ќе не одведе бидејќи навистина регулаторот како регулатор не е оној кој ги води овие промени, туку овие промени доаѓаат од самиот пазар и од оние кои подобро ги познаваат овие работи од нас.Ние како регулатор треба да бидеме подготвени да ги следиме тие промени и да овозможиме тие да се развиваат во сегашната околина“ објаснува Димитар Богов – Гувернер НБРМ.

Богов додаде дека веќе во светот големите банкараски групации за да се заштитат се здружуваат со овие компании кои ги спојуваат финансиите и новите технологии особено интернет технологиите, се со цел да не загубат голем дел од тој пазар, објаснува Гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

„Се надевам дека и банките во Македонија ќе имаат чувство да ги разберат овие промени кои доаѓаат инема да заостанеме во овој сегмент“ потенцира Димитар Богов – Гувернер НБРМ.

Народната банка на Република Македонија во Охрид деновивие ја одржува Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура со наслов: „Иновациите и новите технологии во платежните услуги“. Конференцијата се организира во соработка со централните банки на Холандија и Португалија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top