Зголемена побарувачката од осигурување од земјотреси

Зголемена побарувачката од осигурување од земјотреси.

 |  Валентина Неловска  | 

Земјотресите ја „размрдаа“ и побарувачката од осигурителни полиси. Граѓаните најчесто бараат информации кои се однесуваат на основното осигурување од пожар или домаќинско осигурување, укажува Ристана Николовска регионален менаџер од Сава Осигурување. Таа појаснува дека е потребно посебно осигурување од земјотрес.

„Осигурувањето од пожар , основните ризици кои ги опфаќаат тие осигурување не влегуваат осигурувања од земјотрес. Граѓаните кои имаат и домаќинско оисгурување или пакет осигурување во кој влегуваат предмети, кражби, разбојништва, поплави, порој и други осигурувања исто так ане гиопфаќаат земјотерсите во тие полиси. Земјотресот е посебен ризик кој граѓаните кој сакаат д аим бид еопфатен во осигурувањето мора да доплатат со посебна тарифа“, кажува Николовска.

Во изминативе денови имаше панични реакции на граѓани кои како последица на случувањата бараат осигурување од земјотрес за да ги обезбедат становите или куќите, вели Николовска.

„Сите кои имаа домаќинско осигурување го доплатија ризикот за земјотрес по земјотресот кој достигна интензитет од 5,1 степени. По овој интензитет по Меркалиева скала, земјотресите влегуваа во ризични и граѓаните може да пријавуваат штети,“ напоменува Николоска.

Регионалниот менаџер, Ристана Николовска од Сава Осигурување предупредува граѓаните да бидат внимателни при потпишување на полисите во делот на условите за осигурување од земјотреси кои ги склучуваат со осигурителните компании.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top