Заштитата на природата и локалниот економски развој зависат едно од друго. Европската Унија и Програмата за развој на обединетите нации, преку проект вреден 4,3 милиони евра, а во соработка со Министерството за животна средина на РМ, ќе инвестираат во заштитените подрачја во нашата земја, со цел да се направи обид и да се покаже дека инвестирњето во заштитата на природата може да донесе економски придобивки за општините. Успешната имплементација на овој проект ќе придонесе за подобро и поодржливо управување со природните ресурси во заштитените подрачја, истакна Министерот за животна средина…
Од денеска стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените. Со примената на овој Закон се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.
-Имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи кои се појавуваат секојдневно, конкре…
Тлото во Охрид полека ама сигурно се смирува, тврдат од ИЗИС. Тие Денес на пресс конференција кажаа дека опасноста од силен земјотрес е помината па сега се преминува кон утврдување на штетите од претходните.
Од она што го знаеме од други земјотреси тлото пополека се смирува. Можеби ќе потрае уште некое време да има послаби потреси , но ќе се смири. Ние со една поголема екипа веќе сакаме да излеземе на терен и да направиме уште една контрола на оние објекти каде се пријавени оштетувања, вели Вероника Шендова- раководител на одделот за конструкции и материјали во ИЗИС.
Не очекуваме да има г…
Светски познатиот, џез квартет Fourplay, утревечер, ќе го отвори 57 издание на „Фестивалот Охридско лето“. Во историјата на Фестивалот свеченото отварање ќе биде со програмска новина како што е џез музиката. Оливер Арсовски, директор на Фестивалот Охридско лето, напоменува дека за утрешниот музички спектакл и настап на џез квартетот има голем интерес.
„За прв пат во фестивалското издание ќе има џез настан кој предизвика интерес кај публиката. За утрешниот концерт пристигнуваат љубители на џезот од цел регион. Новина се и џез вечерите на 19, 21 ,22 и 23 јули “, истакна Арсовски.
На сцената…
Реквизитите за забава во вода мора да се стават под контрола. Од Охридската капетанија велат дека во водите на езерото има околу 150 педалинки кои покрај што се навистина добро средство за рекреација и забава преставуваат и потенцијална опасност доколку правилно не се користат. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски смета дека и овие реквизити мора да се стават под некоја законска одредба со која ќе е регулирано како ќе се користат бидејќи досега не се внесени во Законот за внатрешна пловидба, освен задолжителното носење на спасоносни елеци кои мора секој да ги има кој се воз…
Состојбата со диво поставените тезги низ чаршијата и долж градскиот кеј во најбрзо време ќе биде искоренета, вети Градоначалникот Никола Бакрачески. Ќе се санкционираат сите оние кои поставиле тезги и реквизити вон Програмата за поставување на урбана опрема, а се тоа согласно законите и ингеренциите дадени на Локалната самоуправа, а информира и дека соодветно ќе биде санкционирана и инертноста на службите на Општинскиот инспекторат.
„Морам да признам дека последнава недела или последниве десет дена имаше потфрлање на во работата и одговорноста на Општинскиот инспекторат во рамките на негов…
Станува збор за простор кој се состои од два дела, едно детско игралиште со сите помошни реквизити и една фитнес зона и двете изградени во соработка со Агенцијата за спорт и млади при Владата на РМ.
Отворена новата забавно-рекреативна зона кај новоизградената пешачка и велосипедска патека. Станува збор за простор кој се состои од два дела, едно детско игралиште со сите помошни реквизити и една фитнес зона и двете изградени во соработка со Агенцијата за спорт и млади при Владата на РМ. Овој простор покрај тоа што ќе овозможи услови за рекреација на сите пред се на најмладите, ќе допринесе и…
Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија деновиве на неколку локации во Охрид постави инструменти за мерење силни земјотреси. Еден од нив е поставен на 9 катница во Охрид, во подрумот на објектот на општина Охрид и на уште неколку витални места во градот, пренесува директорот на ИЗИИС д-р Михаил Гаревски. Тој вели дека овие инструменти за нив како сеизмолози се драгоцени, во следење на земјотресите. Додеде дека од утре во нашиот град ќе престојуваат триесеттина експерти од нивниот институт кои ќе вршат увид на оштетените објекти.
„Јас очекувам не повеќе од една до две недели тл…