EU и UNDP ќе инвестираат во заштитените подрачја во нашата земја

Со овој проект вреден повеќе од четири милиони евра ќе се направи обид да се покаже дека инвестирњето во заштитата на природата може да донесе економски придобивки за општините.

 |   | 

Заштитата на природата и локалниот економски развој зависат едно од друго. Европската Унија и Програмата за развој на обединетите нации, преку проект вреден 4,3 милиони евра, а во соработка со Министерството за животна средина на РМ, ќе инвестираат во заштитените подрачја во нашата земја, со цел да се направи обид и да се покаже дека инвестирњето во заштитата на природата може да донесе економски придобивки за општините. Успешната имплементација на овој проект ќе придонесе за подобро и поодржливо управување со природните ресурси во заштитените подрачја, истакна Министерот за животна средина на РМ, Садула Дураку.

„Средување на националните паркови, зачувување на природата и на тој начин ќе добиеме една чиста и убава Македонија“ додаде министерот Дураку.

Мрежата од 86 заштитени подрачја покрива околу 9% од нашата земја. Но, не секогаш прогласувањето на одредена територија за заштитено подрачје е проследено со спроведување на ефиканси мерки за негова заштита, посочи Луиза Винтон – постојан претставник на УНДП во МК.

„Предизвикот со кој државата се соочува е што секогаш за оваа проблематика се расправа теоретски, само на хартија, за сметка на негово преточување во пракса во секојдневниот живот. Луѓето често претпоставувваат дека не може да имате паралелно и економски развој и заштитена природа, наша цел е да покажеме дека овие две работи може да се спроведуваат рака под рака и дека преку заштита на природата може да се отвараат и работни места“ објасни Луиза Винтон – Посотјан претставник на УНДП во МК.

Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар верува дека овој проект ќе помогне да се заштити богатиот диверзитет на заштитените подрачја на земјава, која многу го потсеќа на неговата родна Словенија, истовремено подобрувајќи ги животите на луѓето.

„Мислам дека преку овој проект и четирите милиони евра кои ги донираме уште еднаш докажуваме дека ЕУ е тука за граѓаните на државава, за што зборува и мотото на нивната кампања, а може да сметате и на нашата поддршка и во иднина исто така“ потенцира Самуел Жбогар – Амбасадор на ЕУ во РМ.

Грантовите ќе бидат наменети за три цели, подобрување на потребите во управувањето со заштитените подрачја, промовирање на поодржлив начин на користење на природните ресурси и демонстрација на тоа дека заштитата на природата и локалниот економски развој одат едно со друго.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top