Ставено во употреба, детското игралиште и фитнес зоната на новата пешачка патека

Станува збор за простор кој се состои од два дела, едно детско игралиште со сите помошни реквизити и една фитнес зона и двете изградени во соработка со Агенцијата за спорт и млади при Владата на РМ.

 |   | 

Станува збор за простор кој се состои од два дела, едно детско игралиште со сите помошни реквизити и една фитнес зона и двете изградени во соработка со Агенцијата за спорт и млади при Владата на РМ.

Отворена новата забавно-рекреативна зона кај новоизградената пешачка и велосипедска патека. Станува збор за простор кој се состои од два дела, едно детско игралиште со сите помошни реквизити и една фитнес зона и двете изградени во соработка со Агенцијата за спорт и млади при Владата на РМ. Овој простор покрај тоа што ќе овозможи услови за рекреација на сите пред се на најмладите, ќе допринесе и за комплетирање на атрактивноста на самата патека, најатрактивната локација моментално во РМ. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ја смета за исправна одлуката да се инвестира во вакви – спортско рекреативни зони, и смета дека тој тренд ќе продолжи понатака.

„Ќе ги повикаме граѓаните со заедничкото излегување во природа, користењето на овие зони и рекреирањето и забавата да прибегнат ко традиционалните норми на живеење, кои се карактеристика и навистина го краселе народот во минатотот. Ќе можат заеднички да комуницираат, да градат заедница на луѓе кои ќе стекнуваат доверба меѓусебе, кои заеднички ќе споделуваат и добри и лоши страни од секојдневието“ објасни Никола Бакрачески – Градоначалник Општина Охрид.

Во врска со континуираното и систематско уништување на општествените добра и активностите кои секојдневно службите на општината ги спроведуваат со цел истите да ги санираат, а несомнено чинат значителни финансиски средства, Бакрачески истакна дека потребна е координарана активност на сите релевантни институции особено на медиумите за подигање на јавната свест и борбата против ваквите девијантни појави.

„Се надевам дека сите заеднички заедно со вас медиумите локалните, државните институции и секако образовните иснституции и образовните установи, ќе придонесеме од рана возраст да ги воспитаме младите, да го чуваат она што е добро, да го чуваат градот и општествените добра во него“ апелираше Никола Бакрачески – Градоначалник Општина Охрид.

Градоначалникот Бакрачески упати јавен апел до сите граѓани на Охрид да помогнат секој на свој начин почнувајќи од своите семејства, со позитивна кампања и однос, за сите заедно ги искорениме овие девијантни појави и да помогнеме во градење на поубав Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top