Јул 24, 2017

Реформи во администрацијата за поквалитетен сервиис на граѓаните

Потпишување на колективен договор, промена на работно време, елиминирање на политички притисоци врз вработените во јавната администрација и унапредување на мерит системот се само некои од проблемите кои е потребно под итно да бидат решени доколку се сака да се зголеми ефикасноста на работата на јавната администрација. На средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, која неодамна се одржа во Охрид, констатирано е дека станува збор за промени кои мора да се спроведат се со цел да се обезбеди поквалитетен сервис на граѓаните. „За нас исто така многу важно…

Јул 24, 2017

„Сигнум саксофон квартет“ вечер на „Охридско лето“

Вечер на програмата на фестивалот „Охридско лето“ во предворјето на црквата Св. Софија, ќе настапи „Сигнум саксофон квартет“. Со својата младешка енергија, талент и невообичаени идеи, овој квартет внесува свежина на фестивалите и концертните дворани каде настапува, а тоа е насекаде низ Европа. Настапувал од концертниот Карнеги Хол во Њу Јорк па се до врвовите на Доломитите во Италија . Своето образование го стекнале во Келн, Виена и Амстердам и освојувале голем број признанија на меѓународни натпревари. Се запонале во келн во 2006-та година.

Авг 24, 2021

28-ми август неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), сабота, 28-ми август 2021 година, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Јул 22, 2017

Десет години плажа ресторан Потпеш

Десет години плажа Потпеш. Една од најубавите плажи на охридското крајбрежје, плажа ресторанот Потпеш кај Канео синоќа го одбележа својот десетгодишен јубилеј. Оваа плажа која со многу труд и љубов беше уредена во 2007 год. набргу потоа стана едно од најпосетуваните места на брегот на Охридското Езеро. Еден од сопствениците, Томе Тримчев вели дека уредувањето на ова прекрасно катче на охридското крајбрежје и претворање во она што е денес бил негов дамнешен сон. „Исполнување на мојот сон, исполнување на сонот на могу охриѓани. Со многу труд од една обична депонија ова место го претворивме в…

Јул 22, 2017

Каде е градежниот инспекторат?

Во Охрид интензивно се гради сред сезона. Иако уште пред десеттина години се донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци, тоа не ги попречува инвеститорите да градат. Побаравме одговор од Локалната самоуправа дали градежниот инспекторат е запознаен со ваквата состојба низ градов, дали инспекторите се излезени на терен и што е превземено. Од таму го добивме следниот одговор: Од општинскиот инспекторат е направен увид на две локации каде се одвиваат градежни работи, при што е укажано на почитување на одлуката на Советот на Општина Охрид од март 2007 година. Доколк…

Јул 22, 2017

Дали граѓаните ќе можат побрзо и поефикасно да ја прибават потребната документација за градење?

Локалната и централната власт започнаа преговори за поедноставување на постапките за носење на урбанистичките планови и одобренија за градба. Градоначалникот Бакрачески истакна дека треба да се направат одредени измени во законската регулатива, пред се во Законот за просторно планирање и Законот за градење. „Сметаме дека треба да се направат одредени измени во законската регулатива, пред се во законот за просторно планирање и Законот за градење, кои што ќе овозможат граѓаните многу побрзо и многу поефикасно да ја прибават потребната документација за постапките за градење, а од друга страна…

Јул 22, 2017

Бакрачески: Потребни се дополнителни испитувања и анализи во врска изградбата на депонијата во Дебрца

Градоначалникот Никола Бакрачески, на средбата од претставниците на Владата, а во поглед на решавање на прашањето на регионалната депонија за отпад која треба да се гради во Дебрца, побарал и преиспитување на локацијата и дополнителни анализи од страна на стручни лица. „Наодите од последната физибилите студија и препораките кои што бе упатени до Владата за лоцирање на регионалната депонија во селото Годивје, во Дебрца, коишто за нас како Општина Охрид, претпоставувам и за мештаните на Дебрца во прв момент изгледа не прифатливо. Врз основа на податоците коишто ги даваат службите на Општина …

Јул 22, 2017

Ќе се прска против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелните семејства

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести , а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Јавната Здравствена Установа „Центар за јавно здравје“ ги известува граѓаните и пчеларите дека денес ќе се спроведе втората планирана земјена адултна дезинсекција против комарци. Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 21.07.2017 год.(петок ) и 22.07.2017 год. (сабота) екипите на Центар за јавно здравје Ох…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top