Авг 2, 2017

Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец

Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец. Ова лето не се реализирала ниту една тура, велат од Охридската капетанија. Со отварањето на граничниот премин кај Св. Наум сите бродови добија одобренија за воспоставување на меѓународен воден транспорт, информира Горан Устијансоки капетан на Капетанија на пристаништата-Охрид. Но интересот на патниците опаѓа. Воспоставени се сите норми и принципи за минување на границата по воден пат. Донесено е од страна на МВР и царинска управа отварање привремен граничен премин што е пракса секоја година наназад. На барање на бродарите бродовите се прове…

Авг 2, 2017

Нити една охридска плажа не е прилагодена за телесните инвалиди

На охридското крајбржје нема нити една плажа на која може полесно да дојдат лицата со телесен инвалидитит. Десетина години ни локалната самоуправа ни државата не покажаа разбирање да се уреди барем една плажа за потребите на овие лица. Од ОО ЦК Охрид напоменуваат дека од 2005 година се обидуваат кај надлежните да ја поттикнат добрата волја и да се адаптираат плажите на охридскиот брег за лицата со инвалидитет како што е насекаде во светот. „Не може ресорт или поголем хотел да немаат достапно место каде што човек со количка ќе може да влезе и да се искапи со посебна количка на таа плажа. Ни…

Јан 17, 2022

Охрид подготвен за Богојавление Водици

Охрид се подготвува за празникот Богојавление Водици. Осветувањето на водите на Охридското езеро е круна на новогодишните празнувања. Годинава празникот го организира општината заедно со Дебарско-кичевската епархија. Со почитување и запазување на мерките за заштита од Ковид 19 ќе продолжи вековната традиција. Викендов нуркачите го расчистуваа дното на градското пристаниште. Времето ќе биде прилично студено, температурата на водата е 7 степени, а температурата на воздухот се очекува да биде околу 4 степени. Ќе има бесплатни медицински прегледи за капачите, а апелот е кратко да се задржат во…

Авг 2, 2017

На празникот Илинден Фестивалот Охридско лето донесува двојна програма

Концерти на два сопрани и пијано се на вечерашниот репертоар на Фестивалот Охридско лето. Во 20.30 во Света Софија настапуваат познатите сопранистки, сестрите-близначки Билјана Стафансон и Љилјана Јовановиќ, во придружба на врвната македонска пијанистка Марија Вршкова. Концертот ќе го одржат во рамките на Шведската вечер на фестивалот.Близначките Стафансон и Јовановиќ се колоратурни сопрани кои публиката ги памети како „чудо од деца“ од времето кога на 9-годишна возраст на телевизија го исполниле дуетот од Моцартовата „Волшебна флејта“. Двете честопати настапуваат заедно на европските сцени…

Авг 25, 2021

Изменети и дополнети мерките за организирање спортски натпревари и други настани

Владата на Република Северна Македонија на последната седница донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика. Настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено ќе смее да се одржуваат со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50% од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19,но и  со поседување сертификат за примена на најмалку прв…

Авг 1, 2017

Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење

Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење, бидејќи бушотината што ја направиле со сопствени средства сега не можат да ја користат поради личните интереси и внатрепартиските калкулации на градоначлниците на Охрид и Дебарца, Никола Бакрачески и Игор Трајковски, ова беше истакнато на денешната пресс конференција која ја одржаа советниците од СДСМ. Ваквото однесување на градоначалниците не само што е безобразно и неодговорно, итовремено е и нехумано, бидејќи стотици домаќинства се оставени без вода при вакви тропски температури. Одговорност мора да има, и тоа не само за …

Авг 1, 2017

плажите и ова лето окупирани со лежалки

Деновиве на охридските плажи нема место игла каде да се фрли. Продолжениот празничен викенд го наполни градов со гости кои се разладуваат во водите на езерото. Но со гужвата уште повеќе дојде до израз дека некои концесионери на плажите не ги почитуваат одредбите од договорот 40проценти од просотор да го остават слободен, без лежалки за посетители кои не сакааат да користат урбана опрема. Од локалната самоуправа информираат дека инспекторите во неколку наврати излегле на терен и забележале неправилности и непочитувње на одредбите од договорот. НО додаваат дека многу е тешко да се има целосна…

Авг 1, 2017

Охридските пожарникари со полни раце работа

  Во месец јули охридските пожарникари имале полни раце работа што од огнени стихии што од земјотресите. 62 интервенции го одбележале месец јули од кој 38 пожари и 24 технички интервенции. Најмногу гасење пожари имало на отворен простор дури 31 интервенција, 4 пожари на објкети и и 3 на моторни возила, информира заменик командирот Горан Маркоски. „ За одбележување е тоа што сме реагирале и на соседни територии.Преку Дирекцијата за заштита и спасување при Владата на РМ е побарана помош да интервенираме во Струга во 2 наврати, во Ресен, Дебрца се гасени 8 пожари, на 31 јули и во Македонски …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top