Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење

Советниците од СДСМ на денешната пресс конференција го истакнаа проблемот на жителите на село Подмоље кои  веќе шести ден се оставени без вода за пиење. Побараа од градоначлниците на Охрид и Дебарца, Никола Бакрачески и Игор Трајковски, под итно да го решат овој проблем.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење, бидејќи бушотината што ја направиле со сопствени средства сега не можат да ја користат поради личните интереси и внатрепартиските калкулации на градоначлниците на Охрид и Дебарца, Никола Бакрачески и Игор Трајковски, ова беше истакнато на денешната пресс конференција која ја одржаа советниците од СДСМ.

Ваквото однесување на градоначалниците не само што е безобразно и неодговорно, итовремено е и нехумано, бидејќи стотици домаќинства се оставени без вода при вакви тропски температури. Одговорност мора да има, и тоа не само за Трајкоски, туку и за неговиот колега Никола Бакрачески, затоа што на крајот на краиштата, жителите на Подмоље, па и сите жители од општина Дебрца се охриѓани. Крајно неодговорно е две соседни општини, чии градоначалници дополнително се од истата политичка опција, да не можат да најдат заедничко решение на еден сериозен проблем, рече Јован стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ.

Доколку се продолжи со игнорирање на овој сериозен проблем, Подмоље и регионот ризикуваат да се соочат со хуманитарна и еколошка катастрофа, бидејќи немање вода при вакви високи температури го загрозува човековото здравје и животната средина, потенцира Стојаноски. Затоа, во интерес на сите граѓани бараме Трајкоски и Бакрачески да престанат со префрлање на одговорноста и под итно да го решат проблемот со водоснабдувањето на жителите на Подмоље, додаде тој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top