Охридската софра поставена со 15 тепсии на вкусни домашни ѓомлезина и годинава привлече голем број гости во Скребатно, во атарот на црквата Успение на Пресвета Богородица. Општина Охрид ја продолжува добрата традиција која од година во година бележи се поголема посетеност од домашни и странски гости. Претседателката на Советот, Гордана Коњаноска истакна дека ова е добар начин за промоција на туризмот бидејќи на туристите им се нуди можност покрај дегустација на домашните македонски специјалитети да им се покажат атрактивните места во руралните средини во близина на Охридското Езеро.
„Тоа с…
Се поизвесно е дека СДСМ градоначалничката трка во Охрид ќе ја трча со професор Д-р Јован Стојаноски. Оваа одлука иако сеуште не е официјално потврдена е донесена од највисокото партиско раководство во Скопје. Овај избор за многумина не е изненадувачки бидејќи професор Стојаноски доби најголема доверба на внатрепартиските избори кои партијата ги спроведе уште во февруари оваа година на кои покрај него како можни кандидати за градоначалник беа и Науме Јованоски, Константин Георгиески, Лазо Танески, Елизабета Русеска, Стевчо Стевоски, Дејан Цветкоски и Владо Чингоски. Секако овој избор не се …
Од Галеб АД Охрид до нашата редакција испратија соопштение со кое сакаат да ги информираат учениците и нивните родители дека од 4ти септември, понеделник, односно, од почетокот на школската година, не ќе се во можност да вршат бесплатен ученички превоз.
Ви го пренесуваме соопштението во целост:
Би сакале да ве информираме дека од 04.09 2017 година, нe по наша вина, не ќе сме во можност да вршиме бесплатен ученички превоз бидејки договорите за превоз на ученици од основните училишта се истечени од 10 06 2017 а постапките за набавка на услуга-превоз се поништени, па Галеб АД Охрид доби…
Дуќанџиите од Охрид бараат да работат во недела. Охрид како главен туристички центар во земјава мора да биде изземен од законот, бидејќи најголемиот дел од работата на трговците во чаршијата е токму за време на викенди, кога во градот има гости. Воведувањето недела неработен ден за нив е бесмислено законско решение, кое ќе предизвика огромни финансиски штети врз локалната економија и туризмот, кои ионака се тешко погодени од корона кризата.
Охрид има една специфика ние не работиме низ цела година, туку работа имаме во викенди, продолжени викенди и низ туристичката сезона. Еве сега на вто…
Солидарност, помагање, споделување на хуманитарни вредности се дел од вековната традиција за одбележување на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Тој денес заедно со своите соработници присуствуваше на настанот каде секоја година здружението на исламската заедница го изведуваат ритуалното принесување на курбанот, жртвата, која симболично го претставува приближувањето кон Бога, на големиот муслимански празник Курбан Бајрам.
„ За мене претставува едно задоволство кога нашите сограѓани ја пренесуваат и продолжуваат убавата традиција, обичаи…
Охридските ракометари забележаа уште една победа во рамки на контролните мечеви.На гостувањето во Кавадарци ја совладаа екипата на Тиквеш, со 25-23 (9-15).
Токму Тиквеш ќе биде прв противник на „гладијаторите“ во новата суперлигашка сезона, што започнува на 8-ми септември.
Министертвото за економија објави оглас за доставување проектни решенија за конзервација, санација и адаптација за излозите, натписите, натстрешниците, ќепенците и зеленилото, за дуќаните лоцирани во чаршиите. Со овој проект се опфатени и битолската, струшката и скопската чаршија. Мислењата на граѓаните и дуќанџиите поделени. Граѓаните и дуќанџиите со поделени мислења. Едни сметаат дека треба да се задржи актуелниот изглед на дуќаните, други се за унифицирана санација и адаптација на дуќаните, додека трети велат дека треба да се најде решение помеѓу.
Предложените проектни решенија на оглас…
Интензивни активности на Центарот за јавно здравје од Охрид, пред почетокот на новата учебна година. веќе две недели екипите на центарот покрај тоа што вршат бактериолошка проверка на децата и вработените во градинкиве, редовно се спроведува и процесот на дезинфекција, дезинскеција и дератизација во oхридските училишта.
„Во тек се секако активностите кои од Центарот се преземаат подготовките на училиштата за самиот старт на учебната година, со преземање на оние мерки на дезинфекција, дезинсекција и дератизација, и систематски прегледи на вработените. Сите оние училишта коишто уредно достав…