Апр 17, 2018

Затајува уплатата на туристичката такса во земјава

Станоиздавачите од мал обем и хотелиерите во одредени реони не ја уплаќаат реално туристичката такса, посочува Љупчо Јаневски директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во Македонија минатата година имало 1 милион туристи кои реализирале 2,7 милиони ноќевања. Истражувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот покажале дека плаќањето на туристичката такса затајува. „Со последните двомесечни истражувања дојдовме до податоци дека е слаб одзивот на плаќање на туристичка такса во некои региони. Најголемите два туристички центри Охрид и Скопје да обрнат внимание н…

Апр 17, 2018

Еколошките вредности на Дебрца ќе бидат сместени во музеј

Малку е направено за искористување на еколошките вредности во Дебрца. Исто така затајува и нивната промоција, пренесува првиот човек на оваа општина Зоран Ногачески. Но, градоначалникот открива дека оваа слика на почетокот на месец мај ќе се промени, односно, општина Дебрца отпочнува проект за заштита на биолошката разновидност во пограничните подрачја. Проектот ќе се реализира со Р. Грција, а носител е општина Дебрца заедно со Шумарскиот факултет и НП „Јасен“, а од грчка страна општина во близина на Солун, Терми и нивниот национален институт за биологија. „Важно е дека со тој проект се пр…

Сеп 10, 2021

Охридскиот студенски дом ќе работи со полн капацитет

Охридскиот студенски дом „Никола Карев“ ќе работи со полн капацитет во новата академска година. Станарите на домот ќе мора да ги почитуваат протоколите на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на ковид 19, информира Жарко Куциноски, директор на студенскиот дом. Моментално се врши вселување на станарите во домот и апелираме да ги почитуваат мерките. Да  носат заштитни маски, да нема групирање на студентите , да нема  физички контакт при поздравување, а е забранет и влез за родителите/старатели на студентите – истакна Куциноски. За редот и дисциплината ќе се грижат ре…

Апр 17, 2018

Доцни ларвицидното прскање против комарци, во Охрид

Време е за дезинсекција во Охрид. Заради обилните дождови одложена е ларвицидната дезинсекција информираат од Центарот за Јавно здравје. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека дезинсекцијата била планирана за март месец, но истата ќе се направи за околу една недела. Таа убедува дека граѓаните навреме ќе бидат превенирани од болестите кои може да ги пренесе комарецот. „Оваа ларвицидна дезинсекција се изведува со биолошки препарат а не со хемиски, препаратот е одобрен од СЗО и Бирото за лекови, не е штетен за околината нити за останатите инсекти, еколошки. Ќе бидат третирани потенцијал…

Апр 16, 2018

Хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог значајна помош“

Како дел од активностите за одбележување на Неделата на солидарност, од денеска до 22ри април, охридскиот Црвен крст организира хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог  значајна помош“. Целта е да се подигне нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население. Во рамките на акцијата ќе се обезбеди помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца.  Од Црвен крст Охрид ги повикуваат охриѓани, фирмите и инст…

Апр 16, 2018

Универзитетот МИТ се промовира пред охридските средношколци

Универзитетот МИТ се промовира пред охридските средношколци. Менаџерскиот тим на овој универзитет на матурантите им ги презентира условите и перспективите на оваа високообразовна институција. Концептот на преставувањето е многу креативен и за прв пат е направен во земјава. Тоа е една креативна дебата замислена како интересна игра и борба помеѓу матурантите за престиж. Тој концепт е многу привлечен за сите училишта без разлика дали се стручни или е Гимназија, вели Мирослав Пендаровски- декан на факултетот за психологија на МИТ. Во рамките на промотивните активности го реализира и проектот …

Апр 16, 2018

Паркингот во близина на плажата „Куба Либре“ е вистинско езеро

Паркингот во близина на плажата „Куба Либре“ е вистинско езеро. Обилните дождови го наполнија овој простор со вода па сега условите се соодветни за кајчиња, а не за автомобили. Но и кога не е поплавен , овој простор според граѓаните нема минимум стандарди за јавен паркинг простор. Со овој паркинг стопанисува ЈП „Билјанини извори“, а земјиштето е делумно на АРМ, делумно на Локалната. Директорката на „Билјанини извори“, Гордана Јованоска вели дека тие не можат посовремено да го уредат овој паркинг бидејќи тој зазема и дел од Студенчишкото блато, па освен со шљунак не смеат да го покриваат нит…

Апр 16, 2018

Министерот Сугарески: Финансиска поддршка за нови нискобуџетни линии на охридскиот аеродром

Авиосообраќајот во земјава и регионот ќе се унапредува, најави од Охрид, Горан Сугарески, македонскиот министер за транспорт и врски. Воспоставувањето на новата чартер линија Истанбул Охрид е доказ дека Македонија е атрактивна за сите авиокомпании, рече Сугарески кој беше дел од дочекот на туристите од Турција со првиот чартер лет. „ Да најавам дека наскоро ќe има јавен повик за финансиска поддршка за ниско буџетни компании кои ќе понудат нови авиолинии. Со тоа ќе им овозможиме на македонските граѓани да летаат по ниски цени до многу метрополи. Охридскиот аеродром ќе го промовираме за ниск…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top