Прв Меморијален атлетски митинг во чест на проф. Влатко Димитров, познат тренер и селектор на репрезентација на Македонија кој почина пред две години. Денес на СРЦ „Билјанини извори“ се одржа овој спортски хепениниг. На митингот учествуваа над 120 атлетичари од земјава, како и од соседните земји, Србија, Бугарија, Албанија и Косово. Овој спортски настан го отвори градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски кој кажа дека општината е секогаш подготвена да поддржи се што е во интерес на градот и развојот на туризмот.
Ние ќе го поддржиме овој атлетски митинг, а од наредната година ќе из…
Десетина охридски млади музичарии одржаа свирка со хуманитарен карактер. Со своите инструменти свиреа акустична музика. Покажаа дека се хуманисти и ги повикаа сограѓаните да се вклучат во животната битка на малата Мила која треба да оди на оперативен зафат во Кина.
„Охриѓани да останат и да продолжат со својата хуманост. Охрид отсекогаш бил град на хуманоста. Секогаш кога требало да се направи хумнитарен настан на музички или спортски план охриѓани се приклучуваат. И понатaкада останат хумани “, порача младиот волонтер и хуманист Лео Спасески.
Двочасовниот музичко хуманитарен хепенинг беш…
Охридскиот младински културно образовен центар „Соната“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на танцот. По тој повод на градскиот плоштад во 13:00 часот за прв пат ќе се организира Dance Battle. Dance Battle е натпревар помеѓу двајца танчери или два тима на танчери кои танцуваат три рунди на музика која однапред не им е позната, а за која веднаш треба да направат кореографија, појаснува Даниел Наумоски инструктор по танц. Учество ќе земат членови на Студиото за танц кое работи во рамките на МКОЦ Соната, а кои веќе се потврдиле на бројни меѓународни натпревари, но има можност да се пријават …
Земјоделците многу малку искористиле пари од европските фондови. Само 3% од нив настапиле при аплицирањето за Програмата за рурален развој како здружение, а сите останати аплицирале како поединци. Овој минимален процент најверојатно се должи на фактот што од 800 испитаници од сите 8 плански региони дури 714 истакнале дека не добиваат навремено информации за програмата и можностите кои што ги нуди, особено доколку се жители на поодалечените рурални средини. Таква е состојбата и во Југозападниот регион каде припаѓаат и општините Охрид и Струга.
Се едни од регионите кои многу малку ги користа…
Лицата со попреченост поблиску до остварувањето на своето право на глас. Многупати досега поради нивниот хендикеп некои од нив не гласаа, а со тоа остануваа надвор од општествените текови. Затоа Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Државна Изборна Комисија, во рамките на Проектот Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес, одржува регионални работилници на кои ги обучува членовите на ДИК како да им помогнат на лицата со попреченост при нивното гласање, а воедно да не бидат дискриминирани.
ДИК и минатите локални избор…
Ракометарите на Охрид утре ќе играат против битолски Еурофарм Работник. Нашата ракометна екипа ги продолжува натпреварите во Супер лигата, во четвртото плејоф коло. Капитенот на РК Крсте Андоноски, оптимист дека утре ќе слават и покрај тоа што смета дека нивниот противник е добра екипа со солидни играчи на секоја позиција, додека пак охридскиот тим бил со ограничен ростер на играчи.
„Дека се моќна екипа покажа и нерешениот резултат во Битола со екипата со Металург кој успеа да се спаси од пораз во последните секунди од натпреварот. Ние сме со ограничен ростер, но тоа не значи дека ќе се от…
Во чест на врвниот атлетичар и истакнат проф. Влатко Димитров, утре, 28ми април ќе се одржи првиот Меморијален Атлетски Митинг. Основната цел за организација на овој настан е да се отпочне со уште една нова традиција со која барем малку ќе му се оддолжиме на професорот Димитров за неговите дела и неговата посветеност на атлетиката, рече претседателот на охридскиот атлетски клуб Пецо Неданов.
„Нашата иницијатива наиде на големо рабирање од страна на АФМ и со нивна значајна помош решивме да ја започниме оваа традиција. Настанот ќе започне утре околу 12 часот со поздравни говори и отварање на…
На 10-ти септември 2021 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници регистрираа и санкционираа 50 пешаци при небезбедно преминување улица односно преминување коловоз надвор од пешачки премин (Охрид 16, Струга 9, Кичево 23 и Дебар 2).
Дополнително, во Охрид регистрирани се 3 прекршоци направени од возачи на моторцили и не се регистрирани диви такси превозници – информираат од СВР Охрид.