Ракометарите на Охрид утре ќе играат против битолски Еурофарм Работник

Охридските ракометари утре на Спортско Рекреативниот Центар „Билјанини Извори“ ги очекува тежок противник Еурофарм Работник. Тие најавија добar natprevar и ветија дека ќе го дадат својот максимум со цел охридскиот ракометен тим на крај да слави победа.

 |  Николоска Биљана  | 

Ракометарите на Охрид утре ќе играат против битолски Еурофарм Работник. Нашата ракометна екипа ги продолжува натпреварите во Супер лигата, во четвртото плејоф коло. Капитенот на РК Крсте Андоноски, оптимист дека утре ќе слават и покрај тоа што смета дека нивниот противник е добра екипа со солидни играчи на секоја позиција, додека пак охридскиот тим бил со ограничен ростер на играчи.

Дека се моќна екипа покажа и нерешениот резултат во Битола со екипата со Металург кој успеа да се спаси од пораз во последните секунди од натпреварот. Ние сме со ограничен ростер, но тоа не значи дека ќе се откажеме, туку напротив ќе го дадеме максимумот ќе играме до крај и се надевам дека ние ќе бидеме тие кои што ќе се радуваат на крај“

Нашите очекувања се да извлечеме колку што е можно подобар резултат против Еурофарм Работник истакна, Јане Јанчев.

Знаете минатата недела имавме тежок пораз за време на Купот во Бутел, знаете и самите дека и имавме и мало разочарување од судењето на судиите. Така да пробуваме да се вклопиме и да се вратиме назад на победничките патеки. Се надевам дека ќе извлечеме еден позитивен резултат со овој меч иако ќе биде тежок, фаворити се знаес дека се Еурофарм бидејќи имаат поголем ростер на играчи, но не се предаваме ќе го дадеме својот максимум и ќе направиме се да ја израдуваме нашата домашна публика“.

Од клубот очекуваат голем број навивачи кои утре во 19 часот на СРЦ Билјанини Извори ќе ги бодрат и ќе им ја дадат својата поддршка која на охридските ракометари им е повеќе од неопходна. Билетот чини само симболични 30 денари. До крајот на „гладијаторите“ им преостануваат уште седум кола. Следниот натпревар го играат во гости кај Пелистер, а останатите се возвратни мечеви.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top