Јун 14, 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски на средба со српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак Томиќ.На средбата се разговараше за соработката на Охрид со збратимените и пријателски градови од Србија и можностите за нејзино продлабочување особено во туризмот, културата и бизнис секторот. Заеднички беше оценето дека со формирањето на  здружението за деловна соработка СИДИС, ќе се овозможи поблиска комуникација на македонските и српските компании.

Јун 14, 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски во едночасовна емисија за ТВ21

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска кај споменикот на Св. Климент Охридски на градскиот плоштад, сними едночасовна емисија за ТВ21.Емисијата од серијалот „ Клик Плус“ ја водеше уредничката Билјана Георгиевска, а во нејзиното реализирање со прашања до градоначалникот беа вклучени и повеќе граѓани.

Сеп 15, 2021

Интензивни активности на водоснабдителната мрежа во неколку села во Дебрца

Во село Издеглавје завршена е изградбата на резервоарот за водоснабдување. Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени  преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, ( овие средства на општина Дебрца и беа одобрени уште во 2012 година ), а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општина Дебрца.Завршена е изградбата на доводен цевковод за водоснабдување на селото Слатински Чифлик, единственото село во Дебрца кое немаше водоснабдителен систем…

Јун 26, 2018

Хотелиерите се задоволни од стартот на сезоната

Бројот на туристи задоволителен на стартот на летната сезона, оценуваат хотелиерите.  Јули и август се очекува кулминација , но туристи ќе има и   во септември и октомври. Според договорите со тур операторите тогаш хотелите ќе бидат исполнети  70 %. За збогатување на туристичката понуда на брегот на Охридскот езеро потребно е отворање на нови хотели со нови содржини адаптирани на потребите на туристите. „Брегот на Охридското езеро е скоро шеесет километри. Зошто да не е искористен и просторот кај Љубаништа или Радожда од друга страна или самите населени места еве како Пештани, Лагадин и т…

Јун 26, 2018

„Образование за вработување во Македонија“

Преку квалитетно стручно образование, дополнителни обуки и курсеви и подобрување на стручни вештини до намалување на јазот помеѓу понудата на човечки капитал на пазарот на трудот и реалните потреби на бизнис секторот.  Ова е целта на проектот „Образование за вработување во Македонија“, поддржан од Швајцарија, кој денеска беше презентиран во Охрид пред  претставници од стручни училишта, локалната самоуправа, од бизнис секторот и граѓански организации.„Системскиот пристап е клучен. Ние ги поврзуваме училиштата и учениците со приватниот сектор. Преку Стопанската комора на Македонија ние се оби…

Јун 26, 2018

Во Велгошка река е забележана појава на пена од непознато потекло

Во водите на Велгошка река е забележана појава на пена од непознато потекло. Месните жители кои биле сведоци на појавата испратија видео и фотографии до редакцијата на ТВМ. Тврдат дека вчера во претпладневните часови во речното корито забележале пена од непознато потекло и не знаат од каде доѓа и кој ја предизвикува. Како што тврдат пената по кратко време се стврднува, подига и лета низ воздухот. Стравуваат дека непозната супстанца може да биде штетна по здравјето на луѓето, но и животната средина. Некои од мештаните ги наводнуваат градините со вода од речното корито. За ова состојба побара…

Јун 25, 2018

Завршна манифестација на летниот камп организиран од Гете институт

33 деца од Македонија, Албанија и Косово кои го изучуваат германскиот јазик во партнерски училишта поддржани од Гете институтот престојуваа на летен камп во Охрид.  Во ОУ „Григор Прличев“ децата одржуваа по 8 наставни часа , вежбаа и ги усовршуваа своите јазични и музички способности. „На работилниците работеа сите заедно. Целта беше мулти култи, зближување помеѓу децата од трите земји и нормално акцент ставивме на тоа дека музиката ги спојува учениците и учењето на Германски јазик преку музика е многу полесно и поинтересно “ -вели Ивана Маховска, наставник по Германски јазик ОУ „Григор Прл…

Јун 11, 2018

Градоначалникот приреди ифратска вечера

На градскиот плоштад „Чинар“, вечерва, градоначалникот Јован Стојаноски, по повод празникот Рамазан Бајрам, за граѓаните од  муслиманска вероисповед, приреди ифтарска вечера.На вечерата, градоначалникот Стојаноски порача дека ваквите средби и празнувања ги јакнат односите  меѓу граѓаните,  соживотот и дека се потврда за почитување на универзалните хумани човекови вредности.Додаде дека како и досега, така и во иднина, со почитување на верската различност ќе се градат меѓусебната толеранција, милосрдието, разбирањето и просперитетот на Охрид и Република Македонија.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top