„Образование за вработување во Македонија“

Преку квалитетно стручно образование, дополнителни обуки и курсеви и подобрување на стручни вештини до намалување на јазот помеѓу понудата на човечки капитал на пазарот на трудот и реалните потреби на бизнис секторот.  Ова е целта на проектот „Образование за вработување во Македонија“ поддржан Швајцарија

 |   | 

Преку квалитетно стручно образование, дополнителни обуки и курсеви и подобрување на стручни вештини до намалување на јазот помеѓу понудата на човечки капитал на пазарот на трудот и реалните потреби на бизнис секторот.  Ова е целта на проектот „Образование за вработување во Македонија“, поддржан од Швајцарија, кој денеска беше презентиран во Охрид пред  претставници од стручни училишта, локалната самоуправа, од бизнис секторот и граѓански организации.

„Системскиот пристап е клучен. Ние ги поврзуваме училиштата и учениците со приватниот сектор. Преку Стопанската комора на Македонија ние се обидуваме да го интегрираме приватниот сектор во овој проект и да ги обучиме младите луѓе , да ги приспособиме на потребите на бизнис секторот како би биле конкурентни на пазарот на труд и полесно би се вработиле.“ – истакна Сибиле Сутер Техада – Амбасадор на Швајцарија во Македонија

Проектот го поздравија од Регионалната стопанска комора која ги застапува интересите на компаниите од Општините Охрид, Струга и Дебрца. Наташа Јовческа, менаџер на „ЛТХ Леарница“ и претседател на регионалната комора, вели дека фирмите го чувствуваат недостатокот од стручен кадар оспособен веднаш да влезе во процесот на работа.

„ Ние сме силно заинтересирани да се вклучиме дирекно во овие проекти бидејќи тоа претставува еден начин на ефикасно искористување на ресурсите, намалување на периодот на обучување и дообучување на кадрите и долгорочно формирање на еден човечки капитал во рамки на компаниите, кои ќе носат позитивни резултати во работењето. Ние и сега во овој момент имаме соработка со средните стручни училишта меѓутоа таа практична настава треба да се издигне на едно повисоко ниво.“ – Наташа Јовческа – прет. Регионална стопанска комора.
 
Проектот тежок 12,5 мил евра е на Амбасадата на Швајцарија во Македонија. Фокусот ќе биде насочен кон унапредување на неформалното и формалното стручно образование во технолошкиот, услужниот и ИТ секторот, а ќе бидат опфатени млади невработени и несоодветно вработени лица на возраст до 29 години, ученици од стручното образование и обука, со грижа за вклучувањето на жени, Роми, како и лица со попреченост. Почнувајќи од оваа, во период од 10 години ќе го имплементираат невладините ХЕЛВЕТАС и Македонски центар за граѓанско образование во партнерство со Стопанска комора на Македонија, Министерството за образование и наука  и Министерството за труд и социјална политика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top