Презентирана опремата за дејствување на двата Центри во Охрид и Поградец за спасување на планина и на вода. Опремата за брзи интервенции во ризични ситуации е добиена од фондовите на ЕУ како заеднички проект за прекугранична соработка на двете држави. Овој проект на меѓусоседска соработка ги собра во Охрид, политичарите на локалните и државните институиции, организациите на ЦК од двете соседни држави, апликанти на проектот и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија.
Развојот на овие региони се наоѓа во срцето на принципите на ЕУ, рече во своето обраќање Нико…
Јане Петков е кондиционо подготвен утре да постави нов светски Гинисов рекорд во водите на Охридското езеро. Тој ќе плива 3,5 км со врзани раце и нозе во вреќа, иако неговата здравствена состојба е специфична со ниски вредности на хемоглобин во крвта. Со цврста верба во себе, со помош на јогата и техниките на дишење, нумерологијата и покрај непредвидливите струења на ладните води во езерото, Петков верува дека на Охидското езеро ќе постави светски рекорд и ќе го собори рекордот на индиецот Гопал Карди. Во текот на подготовките во Охрид, Петков добил несебична поддршка од ОО ЦК кои се органи…
Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора треба да се искористат за соработка во сите области од заеднички интерес а посебно во делот на интеграциските процеси во ЕУ. На средбата на двајцата министери за внатрешни работи на Македонија и Црна Гора, Оливер Спасовски и Мевљудин Нухоџиќ ,што се одржува во Охрид, било договорено преку заеднички работни групи, да да се соработува во пристапните преговори во делот на ЕУ и да се искористат искуствата на Црна Гора како 29та членка на НАТО.
„За нас исклучително важно беше да договориме како да ги искористиме позитивните искуства од Црна Гора …
Охридскиот Црвен крст, како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди.
Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција со цел намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот. И оваа година со посебно внимание се фокусир…
Охриѓани и туристите денес одблиску можеа да се информираат што е тоа згрижувачко семејство. На градскиот плоштад беше промовирана кампањата „На секое дете му треба семејство“ од страна на охридскиот центар за социјални работи, претставник од УНИЦЕФ и Локалната самоуправа. Кампања на министерството за труд и социјална политика која ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца тече од први јуни. Неим Сулејман, в.д. директор на охридскиот центар за труд и социјална политика, информира каков е досегашниот ефект од оваа кампања во Охрид.
Досега имаме само една жена која е која е заинтер…
Одржана инфо сесија за промовирање на Програмата на ЕУ „ Креативна Европа“. Програмата е достапна за македонскиот културен креативен сектор за организирање на фестивали, активности од културното наследство, архитектурата, дизјанот, визуелните уметности, информира Билјана Прентоска, од Министерството за култура , раководител на канцеларијата за „ Креативна Европа“. Фокусот на проектите ќе биде ставен на подпрограмата култура и медија програми, а Прентоска кажува кој се може да аплицира до оваа програма на ЕУ.
„ Квалификувани се сите културни и креативни сектори сите организации , национални…
Летен филм на брод на Охридското Езеро – уникатно звучи новитетот што ќе се случи на вториот ден на „Beach Film Festival“. Денеска сите заинтересирани ќе можат да го гледаат данскиот филм “Holiday” на бродот “Галеб”, кој во 22 часот ќе тргне од Охрид и ќе плови кон плажата Оревче.Критичарите го опишуваат “ Holiday” како моќен филм што не е препорачлив за претпазливите и оние со слабо срце. Прикажува една од највознемирувачките сцени на силување во западната кинематографија раскажувајќи ја приказната за една млада девојка вплеткана во канџите на дански гангстер за време на одмор на турскат…
Бродска линија од Радожда до Свети Наум за рамномерен туристички развој на секое населено место на брегот на Охридското езеро.Од хотелската асоцијација ХОТАМ предлагаат поврзување на целото крајбрежје. Сите населби, селца и градови да бидат достапни за туристите по езерски пат. На тој начин се избегнуваат гужвите во сообраќајот, а воедно се збогатува туристичката понуда на брегот на Охридското езеро. „Цело крајбрежје во летната сезона д има поврзување со убави бродови кои ќе ја поврзат Радожда со Свети Наум секое населено место да има пристап за застанување на големиот брод така што п…