Пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром на средба споделуваа сознанија и животни искуства за оваа ретка болест на бубрезите. Охрид е домаќин на првата средба на Балканот за Алпортов синдром со цел сензибилизација на јавноста за оваа ретка болест. Станува збор за сериозна наследна болест која предизвикува прекин на функцијата на бубрезите, информира Проф. д-р Велибор Тасиќ од Детската Клиника, оддел за нефрологија.
„ Болеста се открива во детството и во тинајџерската возраст. Прв симптом е мокрење на крв пропратено со респираторни инфекции и влошување на слухот и бубрежнат функци…
Хотелиерите ги сумираат туристичките остварувања од летната сезона 2018. Задоволни се од резултатите бидејќи расположливите хотелски капацитети во изминатите месеци биле исполнети и до 90 проценти. Во шпицот на сезоната туристите барале и легло повеќе. Крсте Блажески, претседателот на Хотам напоменува дека подолго се во ситуација кога не можат да ги исполнат барањата на туроператорите во поглед на сместувачките капацитети. „Нема доволен број на легла и покрај тоа што на крајбрежјето се изградија неколку нови хотели во изминативе две – три години. Бројот не е задоволителен за капацитететот к…
Портал „ТВМ“ (www.tvm.mk) го објавува ценовникот за платено политичко рекламирање за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на град Скопје за 2021 година.
За закуп на тезги на зелените пазари наскоро ќе следуваат измени со кои ќе се сузбива нелојалната конкуренција. Во тек се измени во Законот за трговија на зелените пазари со кои се предвидуваат воведување на задолжителни лиценци за пазарџиите, но и плаќање одредена тарифа за здравствено и пензиско осигурување. Пазарџиите без лиценца нема да може да закупат тезга, а тоа е начинот да се знае кој продава, велат од Стопанската комора на Македонија. Лиценца ќе се издава само на невработени лица. Пензионерите, како досега нема да може да добиваат лиценца за закуп на тезги. Во однос на тарифата за…
Двете училишни згради во ОУ„ Братство Единство“ се подготвени да примат околу 1000 учениците во три наставни јазици во учебната 2018 /2019, информира директорот Џемал Мехмед. Изградбата на новата училишна зграда која беше најавена за оваа есен ќе почне со изградба од идната пролет.
„Првото полугодие ќе продолжи како и досега во двете училишни згарди. Двете се подготвни да ги примат ученицте. Се надеваме дека од второто полугодие учениците од централната зграда, како што беше најавено, најверојатно, ќе се преселат во ОУ Св.Климент Охридски. Потпишан е протокол со турската агенција за меѓун…
Сопствениците на градежната парцела кај комплексот згради на Булевар Туристичка упатија реакција против вчерашниот протест на граѓаните против изградбата на висококатница. Во името на сопствениците на градежната парцела, Илија Целески , тврди дека граѓаните се изманипулирани, а во јавноста се изнесени тешки лаги и манупулации. Ние, претходно баравме средба со граѓаните за да им ги презентираме сите документи и законски постапки како сме дошле до одобрението за градба, но до средба не дојде, жители од соседните згради ја одбија средбата. Најодговорно тврдиме дека одобрението за градба е доби…
На Булевар Туристичка во близина на спортскиот комплекс Билјанини Извори над педесетина граѓани протестира против решението за градба на висококатници на околу 3000 метри квадратни во зелениот појас, како што велат незаконски, пред нивните прозори и тераси. Над 300 жители од овој станбен комплекс кои повеќе од 25 години се станари во околните згради велат дека немаат имотни листови на нивно име иако трансформацијата завршила во 2003 година. Бараат од општината да го поништи решението за трансформација на земјиштето и да си го врати во нејзина сопственост бидејќи како што тврдат поранешните …
Богатите македонски фолклорни мотиви, како дел од културата на нашето поднебје, изразени во уметноста и вештината на изработувањето на предмети со стилизирани елементи и оригинална вредност претставуваат несомнен одраз на промоцијата на културата на нашиот град. Охрид со своето богато историски, културно и духовно наследство изобилува со мотиви за творби со автентична вредност, создадени од нашите креативни кои преку нив го оживуваат минатото. За прв пат во Охрид на иницијатива на НУ „Завод и Музеј“, од 27 август, на „Сараиште“ се одржува „Базар на Охридски ракотворби“.
Општина Охрид како …