Сеп 20, 2021

“ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ“ ПО 33-ТИ ПАТ ПРЕД ОХРИЃАНИ

Една од најстарите музички манифестации, фестивалот “Охридски Староградски Средби“, синоќа го имаше своето 33 –то издание. Традиционалната средба на културно уметнички групи и музички состави, кои го негуваат староградскиот мелос, се одржа пред платото на Центарот за култура “Григор Прличев“, согласно здравствените протоколи. Во името на Локалната самоуправа, пред присутните се обрати Живка Ангелоска, претседателка на Советот на Општина Охрид.– Понекогаш тешко се наоѓаат зборови да се искажат чувствата на радост од ваквите моменти, кои како непрекината нишка се надоврзуваат низ десетлетијат…

Окт 4, 2018

ВРВНИ СВЕТСКИ ГОТВАЧИ ДОАЃААТ ВО ОХРИД НА „OHRID GASTRO TOUR“

Од 12-ти до 14-ти октомври, Охрид ќе биде домаќин на „Ohrid Gastro Tour“ или охридската Гастро тура, новата активност во организација на општина Охрид, која има за цел да се подигне квалитетот и понудата во охридските ресторани и угостителски објекти.Истата предвидува гостување на неколку врвни светски готвачи/гастрономи од различни земји, наградени со Мишелин ѕвезди, кои за време на неколкудневниот престој во Охрид, во различни угостителски објекти ќе имаат задача преку готвење со домашни – охридски производи да изнајдат начин за изработка и подготовка на нови специјалитети како и нивно вк…

Окт 3, 2018

Општина Охрид бара лица за изработка на проекти за користење на ЕУ фондовите

Локалната самоуправа ќе ги зајакнува администартивните капацитети за да ги искористи можностите за финансирање на проекти од европските фондови. Во тек е јавен повик за пријавување на лица кои ќе бидат ангажирани во општински тимови за подготвување на техничката документација, информира Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид. „ Ние очекуваме да има интерес . Повикот ќе трае до 12 октомври. Постоечката општинска администрација, а и одделението на Тлер ќе имаат квалитетни луѓе кои ќе се приклучат со подготовка на проектна документација со која ќе се настапува пред европските фондови , “пој…

Окт 3, 2018

Жените претприемачи во земјава треба да се насочат кон ИКТ и СТЕМ секторот

Марта Пејоска веќе четири години е сопственичка на единствената галерија и атеље за изработка и дизајн на современ накит и филигран во Охрид. Вели дека единствен начин да ја оствари својата визија е преку претприемништвото. Пејоска е само една од храбрите  младите девојки и жени, потенцијалните и постојните претприемачи, како и заинтересирани страни од државните институции и граѓанското општество, коja преку WE MAKE проектот ќе бидат поттикнати да се насочат кон женското претприемништвото, извозот и иновациите, вклучувајќи го ИКТ и СТЕМ секторот, зелената економија, како и социјалното претп…

Окт 3, 2018

Активниот состав на полициската станица од Охрид, врши вежбовна активност за боево гаѓање

Деновиве активниот состав на полициската станица од Општа надлежност и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање. Според планот, боевото гаѓање ќе се реализира во времето од 08 до 12 часот, со огнено оружје-пиштол и автоматска пушка, на стрелиштето „Бејбунар“.Вежбовната активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Биљјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе …

Окт 3, 2018

Основците од Општина Дебрца добија бесплатни ужинки

„Нашите заложби се да обезбедиме квалитетно образование за сите ученици во нашата општина. За таа цел, ја подобруваме образовната инфраструктура и применуваме повеќе мерки за мотиварање на учениците да постигнуваат подобри резултати во воспитно-образовниот процес“ истакна градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.Тој додаде дека од, 01 Октомври се воведува ужинка за секој ученик во основното училиште. Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година. Средствата за ужинката, во износ од 1.200.000 денари се обезбедени во буџетот на општина Дебрца. Целта на оваа мерка е расте…

Окт 2, 2018

„Кардиолошкиот Завод“ обоен во црвено

Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, по повод Светскиот ден на срцето, што годинава се одбележува под мотото “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”, синоќа беше осветлен во црвено.  На овој начин медицинскиот тим на установата испрати порака за подигање на свеста за подобра грижа за здравјето на срцето, дотолку повеќе што кардиоваскуларните заболувања и натаму се причина број еден за смртност кај нас и во светот.„ Светската Здравствена Организација годинава излезе со број од 17,5 милиони смртни случаи кои настанале како последица на кардиоваскуларни з…

Окт 2, 2018

Охрид е домаќин на државниот натпревар во подготовка на коктели

Дваесетина бармени од земјава во охридскиот бар Куба Либре ќе се натпреваруваат во подготовка на коктели на државниот „Вигор бармен куп“. Со својата инвентивност во подготовката на освежувачките долги пијалоци тие треба да внесат своја креативност и да покажат дека се најдобри. Бармен купот е под покровителство на хрватскиот бренд Бадел и се одржува веќе 10 години. На почетокот Македонија имала повеќе бармени , но сега нивниот број е преполовен , вели Јане Јанев од „Вигор Бадел“. „ Во Европа се подобрува коктел културата и се повеќе платени, а овде бармените не гледаат иднина.Сите овие год…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top