Дек 21, 2018

Македонските алпинисти ќе имаат содржаен викенд во Охрид

Охрид ќе биде домаќин на Македонската алпинистичка федерација, а спортистите ќе реализираат богат алпинистички викенд. Љубителите на овој специфичен и екстремен спорт ќе се искачуваат на планината Галичица и ќе се прикажат филмови од планинскиот фестивал Ехо, а вечерва ќе ги презентираат врвните достигнувања и ќе се доделуваат награди. Алпинистичката македонска федерација ќе ја додели наградата Јован Ангелов Циго за најуспешниот алпинист во 2018 година, за најуспешната наврска и за млад алпинист. Македонските алпинисти во текот на 2018 имале успешна година, информира Антонио Додески претсед…

Дек 21, 2018

„Каде е пиштолот?“ премиера на Охридскиот Народен Театар

Како дел од празнувањето на 70 годишнината на Интернационалниот театарски Институт UNESCО, Охридскиот народен театар, пред охридската публика ќе се претатави со последната планирана премиера за оваа сезона,„Каде е пиштолот?“, по текст на еден од напознатите унгарски автори, Габор Ѓоргеј. Режијата е на Дејана Николовска, а во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски. Станува збор за модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текст…

Дек 20, 2018

Откажана манифестацијата „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, Општина Охрид го отажува годинешното издание на проектот кој стартуваше минатата година „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој требаше да трае од 20-ти декември 2018 до 20-ти јануари 2019 година.И покрај тоа што програмата била потврдена и артистите биле букирани, сепак е донесена одлука оваа година да не се одржи главната програма и истата да се пренесе за следната година.Сепак, за најмладите, кои се нашата иднина и кои се најрадосни за празниците, ќе биде приредена програма на Градскиот плоштад, каде ќе на…

Јан 18, 2022

Маж и неговите деца нападнати од куче домашен миленик во Рача

На 17.01.2022 година, С.Т.(43) од Охрид пријави дека во населбата „Рача” во Охрид, тој и неговите малолетни деца биле нападнати од куче домашен миленик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против сопственикот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Дек 20, 2018

Започната законска процедура за избор на в.д Градоначалник на Охрид

Поради ненадејната, прерана смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, започната е законска постапка за избор на в.д градоначалник. Општина Охрид испратила известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54 од законот за локална самоуправа. Во моментов во општината нема овластен потписник и администрацијата не може да прими плата. За да може локалната да функционира ќе се избира в.д градоначалник. Од општината велат дека со скратени рокови тоа ќе се случи до крајот на го…

Сеп 24, 2021

Излезе од печат романот „Љубовта е ѕвезден сјај“ од Љубица Петреска Чифлигароска

Деновиве од печат се појави романот „Љубовта е ѕвезден сјај“ од Љубица Петреска – Чифлигароска, а во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. „Ковид пандемијата ги ограничи сите наши движења , па и настаните од културата се проретчија или се одржуваат со далеку помал број посетители и строги протоколи. Наместо промоција во живо во нашата Прличева одаја денеска, на денот на 62 роденден на авторката, таа и официјално заминува во пензија и ја напушта дружбата со учениците и професијата – одделенски наставник објавуваме и споделуваме интервју со неа.“-велат од НУ Библиотека „Григор …

Дек 20, 2018

Казните за петарди од 200 до 800 евра

Со цел елиминирање на нелегалната трговија со пиротехнички средста и спречување на несаканите последици од нејзино користење во текот на претстојните празници, СВР Охрид започна со интензивни мерки и контроли врз физички и правни лица кои нелегално вршат продажба на петарди, огномети и други пиротехнички средства. Се контролираат правните субјекти, како тезгите за новогодишни реквизити, на пазарите, продавниците и другите јавни места во Охрид и на целото останато подрачје, се прават контроли и во сообраќајот, односно се контролираат патничките и другите моторни возила. „Полициските службен…

Дек 19, 2018

Адаптација на Музеј на Археолошки вредности на Дебрца се планира во селото Требеништа

Во Музеј да се сместат вредните археолошки наоди и реплики на златните маски од Требеништа е планот на ЛС на Дебрца. Општината има намера јавно да ги презентира на едно место сите вредни артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Дебрца. За таа цел ќе се адаптира сега руинираниот задружен дом во селото Требеништа, најавува градоначалникот Зоран Ногачески како идна заложба. Додава дека средства за таа намена ќе се користат од пред пристапните фондови на ЕУ. „ Сакаме да го пренамениме во Музеј во дом на археолошките вредности на општина Дебрца. Тука да се изложени археолошки вредност…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top