„Каде е пиштолот?“ премиера на Охридскиот Народен Театар

Текстот на најпознатиот унгарски автор Габор Ѓоргеј – „Каде е пиштолот?“ за првпат преведен и поставен во Македонија премиерно на репертоарот на Народен театар Охрид.

 |   | 

Како дел од празнувањето на 70 годишнината на Интернационалниот театарски Институт UNESCО, Охридскиот народен театар, пред охридската публика ќе се претатави со последната планирана премиера за оваа сезона,„Каде е пиштолот?“, по текст на еден од напознатите унгарски автори, Габор Ѓоргеј. Режијата е на Дејана Николовска, а во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски.

Станува збор за модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата двојна природа, играјќи помеѓу позициите на угнетувач и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол! Габор Ѓоргеј е Унгарски писател, драматург, режисер. втор е на преку 30 литературни дела (драма, поезија, новели) а со пиесата “Каде е пиштолот?” добива меѓународно реноме, а пиесата се игра на многу меѓународни сцени, меѓу кои и САД. Добитник е на бројни литературни награди.

Претпремиерата е закажана на 27 ми декември четврток додека премиерата наредниот ден 28 декември и двете претстави со почеток во 20 часот.Цената на влезницата за претпремиерата изнесува 200 денари додека за премиерата 250денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top