Деблокада на жиро сметката на ОУ Григор Прличев ќе биде и понатака меѓу приоритетните заложби на Локалната самоуправа. В.д. градоначалникот Константин Георгиески напоменува дека со тоа ќе продолжат претходните напори да се надмине деценискиот проблем со исплата на долговите кои ги има училиштето по основ судски решенија за екпропријација на земјиште за изградба на училишниот комплекс.
„Досега со 16 спогодби се исплатени 22 милиони денари 710 илјади денари. Заштедени се над 8 милиони 654 илјади денари. Останати се уште 5 изврши решенија за да се одблокира сметката на ОУ Григор Прличев“, нап…
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги . Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 отсто.
Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 84 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 86, а „еуродизелот“ за 75,5 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува еден денар за литар и ќе чини 74,5 денари. Со одлуката на Регулаторна, малопродажната цена на мазутот се зголемува 1,249 денар за к…
Ако бевте во план да точите бензин и дизел денеска, не брзајте и почекајте до полноќ.
Ова ви го препорачуваме бидејќи од денеска поевтинуваат нафтените деривати.Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините од утре ќе се точат по цени поевтини за 2,5 денари додека со дизел ќе полните резервоари по цени помали за 3 денари од денешните.
Тоа значи дека возачите ќе полнат ЕУРОСУПЕР БС-95 по цени од 58,5, а за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе плаќаат 60,5 денари за литар.Што се однесува до ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) тој ќе чини 55 денари за литар.По цена од 43,5 денари за литар пак ќе се продав…
Единаесет советнички листи претендираат на места во новиот состав на градскиот Совет на Општина Охрид. Три од листите се независни, а останатите се поднесени од политички партии и коалиции. ТВМ им упати прашање на носителите на советничките листи каква политичка кампања очекуваат да се води во изборниот процес. Од оние што успеавме да ги исконтактираме добивме идентичен одговор.
Димитар Вељаноски НЛ „Охрид пред се“
Од нас ќе се води позитивна кампања, народот го заслужува тоа, доволно се нагледавме црнила. Ако некој има простор за негативна кампања тоа се независните листи од револт про…
По повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, в.д. градоначалникот Константин Георгиески до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби, за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет и празнувањето да го поминат во весела атмосфера.
– Со сета своја големина и духовност што овој празник ги носи со себе, е како потсетник на христијанските вредности, на Божјите дела и човекољубието. Токму затоа, да ги отвориме нашите порти за светлината која ја носи овој голем христијански празник. Да бидеме верници и да правиме добри дела. Да се почитуваме меѓусебно и з…
Преку Линијата за помош за семејства со ретки болести обезбедена е психолошка и психотерапевтска поддршка за семејствата со ретки болести, информираат од невладината „ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ“.
Линијата за помош на ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ е отворена комуникација на телефон, е-маил, Фејсбук, Вајбер, состаноци лице во лице, средби на семејства. Инаку линијата за помош е за информативна поддршка, за насочување и поддржување на пациентите за остварување на нивните права во однос на здравствени и социјални услуги.
Од Јануари, 2019 година потпишан е и договор за соработка со НЕОКОРТЕКС – Центар за психо…
Денес во населбата Рача, вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески, изврши увид на ново изградената пешачка патека. Патеката со бехатон плочки во должина од 170 метри и два потпорни ѕида, изградени се од страна на ЈП “Градски гробишта“. Овој зафат е во рамките на програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и со него се решава деценискиот проблем на функционално поврзувње на двата дела од населбата. Посебно е важно олеснувањето на движењето на децата, кои оваа патека ја користат за да стигнат до училиштето.
Тетарската уметност е токму уметноста која во себе ги сплотува сите останати уметности, но тоа е и уметноста која чини најмногу пари. Веќе од оваа година во програмата на локалната самоуправа се издвоени финансиски средства за охридската млада театарска куќа. Иако долго време стои идејата за децентрализација и деполитизирација на тетарските куќи, сепак секоја општина не е подготвена на тоа. Стрезо Стаматоски в.д. директорот на центарот за култура во Охрид вели дека враќањето на охридскиот центар за култура во владение на локалната, без претходно направена студиозна анализа, моментално не е…