Јан 28, 2019

ЧЕСТИТКА НА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ДО ПРИПАДНИЦИТЕ НА СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ САВА

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница. – Во името на сите жители на општина Охрид и во мое лично име Ви упатувам искрени честитки и посакувам овој празник да го поминете во мир, семејна среќа, благосостојба и добра мисла. Денот на првиот српски архиепископ, е можност да потенцираме дека српската заедница како нераскинлив дел од градот заедно со другите заедници активно придонесува кон соживотот во нашето општество. Свети Сава со своето дело оставил значајна трага во развојот и растот н…

Јан 28, 2019

НОВ ТВ ПРИЕМНИК ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР “ЗРАЦИ“

Вршителот на должноста градоначалник, Константин Георгиески, го посети дневниот центар “Зраци“ и им го врачи новиот тв приемник, подарок од компанијата “ЗЕГИН“. На средбата Георгиески беше запознат со работата на центарот и потребите за негово успешно функционирање во иднина. Георгиески истакна дека навистина е благородна работата на вработените и родителите на лицата со посебни потреби и искажа подготвеност локалната самоуправа, активно да работи на подобрување на условите и институционално трајно решение за работата на дневниот центар.

Јан 25, 2019

Во НП „Галичица“ се изградени над 1000 нелегални викенд куќи

Урбанизацијата е најголема закана за уникатните природни вредности на националниот парк Галичица и за статусот на градот под заштита на Унеско, тврдат од Галичица. Закана за природните убавини доаѓа од изградбата на нелегални викенд куќи на целата територија на паркот иако се сметаше дека на удар заштитеното подрачје е од бесправната сеча на шума, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „ Ви тврдам дека поголема закана за природните вредности за паркот е урбанизацијата отколку бесправната сеча. Во сите случаи кога имало бесправна градба и узурпација на државниот имот ние сме поднесле до Пра…

Јан 25, 2019

На охриѓани им претстои политичка изборна пролет

Двете најголеми политички партии почнаа со осмислување на стратегијата за тоа како да се направи вистинскиот избор за кандидат за иден градоначалник на Охрид. И додека се чека објавување на датумот за одржување на предвремените локални избори, влегуваме во период на партиски консултации, анализи и анкети. Од редовите на СДСМ најчесто споменувано име е она на актуелниот в.д градоначалник, Константин Георгиески. Георгиески кој по професија е лекар, вели дека станува збор за сериозна и одговорна одлука, за која треба добро да се размисли. Мислењето на членството на партијата ќе има големо влиј…

Јан 25, 2019

Запленети мрежи кај Радожда

На 24 јануари оваа година околу 06 часот и 30 минути, во близина на струшкото село Радожда, при излегување од пловен објект од водите на Охридското езеро, затекнати се Д.С.(55) и Т.Н.(24), двајцата од селото Радожда. Притоа, во пловниот објект пронајдени се рибарски мрежи, средство за риболов „САК“ како и друга риболовна опрема. Истите се одземени а по целосно документирање на настанот, согласно Законот за рибарство и аквакултура, против Д.С. и Т.Н. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сеп 27, 2021

Охриѓани можат да се попишат и во Општина Охрид

Државниот Завод за статистика информира дека од вчера во просториите на Реонската пописна комисија, која се наоѓа во зградата на Општина Охрид, граѓаните кои од разни причини не биле пронајдени од попишувачите, а и оние кои наредните денови нема да бидат во своите домови, можат да дојдат и да се попишат. Овие граѓани, своето доаѓање за попис во зградата на Општина Охрид, треба да го најават на тел: 070/944-576 , како би се избегнала непотребна гужва и губење на време. Од Државниот Завод за статистика напоменуваат дека ова важи само за лицата каде попишувачот веќе поминал и за оние кои н…

Јан 25, 2019

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид: На шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид, спротивно на закон му се исплатени парични средства како надомест за штетите од земјотресите

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Сашо Донев, го повика в.д. градоначалникот Константин Георгиески, да одговори кој овозможил исплата на финансиски средства, од Буџетот на РМ, на лица, кои не се баратели на штети. Претседателот на О.К истакна дека Георгиески наместо ставбилна и услужна општина за сите граѓани, дозволил неа да ја тресе финансиски земјотрес. „Дали е точно дека спротивно на закон се исплатени парични средства на име надомест на штета од земјотрес во износ од над 30.000 денари, на лицето Илија Пиперкоски, шеф на кабинет на градоначалникот, кој е надворешно лице ангажи…

Јан 25, 2019

Добитник на престижната награда „Григор Прличев“ е Славчо Ковилоски

Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист и книжевен историчар. Автор е на една збирка раскази („Лоша тетка и други раскази“), две монодрами („Синот на Волкашин“ и „На Ножот“), три збирки поезија („Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“ и „Барутна поезија“), три романи („Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“) и повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата. Имал повеќе настапи и предавања за урбаната култура во ширум земјата, како и во странство (Њујорк, Загреб, Белград, Софија). Преведуван е на повеќе европски јазици. Бил глав…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top