Фев 14, 2019

Кој ќе се офајди од петте најатрактивни охридски плажи?

Седум месеци после наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на охридското крајбрежје општината нема склучено договори за закуп. Старите концесионери ги користат плажите без никаква закупнина а градот трпи штети, обвинија советниците од опозицијата во градскиот совет. Постапката за издавање на плажите по објавениот јавен оглас на општината, во моментов е во жалбена постапка пред Второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски, велат од локалната самоуправа. Додаваат дека секоја информација во однос на истата, би била нецелосна и шпекулативна. Локалнат…

Сеп 28, 2021

Пецаков : Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива

Гарантираме проекти за промени – проекти за победи. Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години, порача денеска на прес конференција, Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник од Коалицијата „За обнова на Македoнија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ.  Пецаков посочи дека со аргументите за изборните програми ќе настапат во наредните денови во натпревар на идеи и проекти во интерес на граѓаните на Охрид. Со знаење и програма во која се реално остварливи проектите гарантираме нивно исполнување, а охриѓани знаат дека можат целосно да ни веруваат. Секоја уличка, секо…

Фев 14, 2019

Ќе се ревитализира и заштити стариот охридски чинар

За чинарот на плоштадот „Чинар“ кој е во лоша состојба, Општина Охрид побара и доби посебна дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање ( МЖСПП) за имплементација на мерките за санација и ревитализација. За таа цел е во тек тендерска постапка за избор на стручна фирма која ќе превземе активности за санација, ревитализација и статичко обезбедување на чинарот. Одделението за заштита и влијание врз животната средина, согласно Законот за заштита на природата покрена иницијатива за препрогласување на охридските чинари за споменици на природата.За таа цел во 201…

Фев 14, 2019

Денеска и утре се денови на национална жалост поради тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје – Тетово

Денеска и утре се денови на национална жалост поради тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак. Одлуката беше донесена на синоќешната вонредна владина седница. Премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите најави дека денеска ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе бидат донесени и одлуки за поддршка на семејствата на починатите. Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 17 часот, а според досегашните официјални податоци во неа загинаа 14 лица. Автобусот што се движел на релаци…

Фев 13, 2019

Чинарот пропаѓа додека чека на санација и препрогласување за Споменик на природата

Вековното старо дрво во кое е вткаена  вредна историја , Охридскиот Чинар – споменик и паметник на војни , победи и падови, местото  каде се градела историјата на градот со години  е оставен на забот на времето. Наместо заштита, како што беше предвидено со елаборатот пред две години, дрвото е во очајна состојба, секојдневно се распаѓа пред очите на јавноста. Чинарот е природна реткост и потребна е итна ревитализација. Охриѓани апелираат до надлежните да не дозволат симболот  на градот  да биде уништен. „Многу жално да пропаѓа. Ова е препознатливо дрво, симбол на градот. И е како ориентациј…

Фев 13, 2019

Во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, се започна со изградба на спортска сала

После долгогодишните најави во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, се започна со изградба на спортска сала, која се гради како дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со Локалната самоуправа на општина Охрид. Спортската сала е објект со големина од 650м2 комплетно опремена со потребните спортски реквизити,а динамиката за нејзина изградба ќе зависи и од временските услови.Предвидено е таа да биде пуштена во употреба со почетокот од следната учебна година. Како составен дел на истиот проект предвидена е замена на постојната покри…

Фев 13, 2019

Македонија побогата со два мајсторски црни појаси 5 дан во Таеквон-до ИТФ

Во Македонија викендов во Домот на култрата Лескоец-Охрид во спортската сала на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескеоц – Охрид се одржа национален технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан). Семинарот го одржа еден од најдобрите мајстори во светов а воедно и еден од челниците на Таеквондо ИТФ во светот. Како што прилега на врвен мајстор во негов стил го направи и овај семинар врвен при што секоја техника една по една им ја покажа точно на нашите спортисти , со надеж дека ќе помогнево освојувањето медал на следното европско првенство, во април месец, …

Фев 12, 2019

Охридските сообраќајници прекриени со ударни дупки

Охридските улици небезбедни за возење. Речиси да нема сообраќајница на која нема ударни дупки. Секојдневно се појавува и по некоја нова. Возачите се жалат дека ги оштетуваат возилата, а и ја загрозуваат безбедноста на пешаците. Ваквата состојба не е непозната за Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта. Нивните служби веќе биле на терен и ги детектирале оштетувањата на коловозите низ градов. Тоа најмногу се должи на снегот и на ниските температури што ги имавме во изминатиот период, па и оние мали оштетувања кои до тогаш не беа видливи од мразот и од посипувањето со сол на коло…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top