За четворица кандидати со амбиции за шеф на државата течат постапките за собирање потписи. Во охридското одделение на Државната изборна комисија има 4 отворени листи за собирање потписи за претстојната претседателската трка. Димче Петровски, Филип Петровски, Блерим Река и Господин Попоски доставиле кандидатски листи за добивање поддршка од охриѓани. За еден ден, завршила постапката за собирање потписи на претседателскиот кандидат Гордана Силјаноска Давкова во општините Охрид и Дебрца, информира Марга Димкоска раководител на Подрачното Одделение на ДИК.
Во подрачното одделение од 23 февруар…
Утрово започна постапката за извршување на правосилна пресуда за отстранување на објектите и стварите на ГП Трудбеник од локацијата кај каналот Студенчишта. Тука компанијата Фибула ер Травел според договорот од 2011 година за купопродажба на државното земјиште треба да изгради два хотели од светски бренд. 9 години низ судски спорови со Трудбеник, Фибула се обидува да го добие во владение земјиштето. На Трудбеник му истече рокот за доброволно иселување и од тие причини моравме да пристапиме кон извршување и преземање на површините што е неопходно за понатаму да почне постапката за проектир…
Кабинетите по физика исчезнуваат од македонските училишта , укажува доцент д-р Ристе Попески Димоски од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет од Скопе. Учениците наставниот предмет физика го учат само теоретски од учебниците. За доближување на физиката до ученците треба правење експерименти за што треба минимална опрема која сега ја нема во школите, додава Димоски.
„Кабинетите не само што се застарени тие се исчезнати , во некој шкаф затворени.Но, би требало секое училиште и гимназија да има кабинети по физика, хемија , биологија каде што ќе има нагледни средства за да г…
Се одржа спортски ден во салата Тодор Александров во Велгошти. Учениците од охридските училишта и од Дебрца имаа спортски ден по повод одбележувањето на роденденот на Тодор Александров. Спортскиот ден го отвори в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески кажа дека радува фактот што Охрид има ентузијасти во сферата на спортот кои ги организираат ваквите спортски настани за добробит на младите генерации.
„Ова е од големо значење за градот бидејќи преку промоција на здравиот начин и активниот начин на живот ги поттикнуваме младите да чекорат по вистинскиот пат. Тоа е причина што см…
После успешната обука на преку 40 младинци од 14-18 години вклучени во националната програма Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), од денес па во наредните два месеци младинците организирани во 7 тимови започнуваат со работа на терен во истражување на потребите на заедницата, пронаоѓање на целни групи и спроведување на најразлични креативни активности со цел обезбедување на средства за конкретна помош на оние на кои помошта им е најпотребна.
Малите проекти кои ќе ги изработат и реализираат младите на Црвен крст Охрид ќе бидат од големо значење за пошироката заедница…
Волонтерите на неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ викендов по 30-ти пат излегоа во акција да расчистуваат низ градот. Овој пат тие чистеа во околината на скалестата зграда.
„Граѓаните кои живеат во зградите напоменаа дека делот со тревниците се чистел вчера, меѓутоа од денешните фотографии може да се види дека чистењето било крајно неефикасно и површно – а оттука и нашите резултати. На теренот можеше да се забележи најразличен вид отпад, десетици стаклени шишиња, шприцеви и слично. Исто така тие ни пристапија најљубезно и се понудија да ни дадат на располагање алатки како греб…
Криминал, корупција и купопродажна афера стојат зад продажбата на земјиштето на кое сеуште се наоѓаат бараките на АДГ „Трудбеник“, тврди Ацо Спироски, извршниот директор на ова акционерско друштво . Ова атрактивно земјиште кое се наоѓа во непосредна близина на Студенчишкиот канал уште во 2011год. Министерството за транспорт и врски му го продало на Фубула травел без при тоа да се земе во предвид корисничкото право на АДГ „Трудбеник“.
Водена е сосема незаконита постапка, односно на „Трудбеник“ му е украдено земјиштето. Кога се продаваше на јавен повик „Трудбеник“ го имаше корисничкото право…
Светскиот ден на срцето кој се одбележува секоја година на 29-ти Септември е востановен од Светската федерација за срце и има за цел да ги информира луѓето ширум светот за кардиоваскуларните болести и сите аспекти поврзани со можностите за нивна превенција и третман.Годинашното мото на Светскиот ден на срцето е: КОРИСТИ ГО СРЦЕТО ДА СЕ ПОВРЗИШСтавен е акцент на огромните можности на дигиталните технологии во служба на подигање на свеста за важноста на превенцијата и константната поврзаност на кардиоваскуларните пациенти со своите доктори и здравствените работници преку тн. Телемедицина, как…