Мар 11, 2019

Најдобриот полски кајак клуб на зимски подготовки во Охрид

Охрид нуди идеални услови за кајакарење на мирни води. Деновиве на зимски подготовки во градов престојуваат 12 спортисти на најдобриот кајак клуб од Полска , „Енерегетик“ од Познањ. Полските кајакари тренираат заедно со членовите на  Кајак кану клуб „Стрмец“ од Охрид. Соработката помеѓу овие два клуба започнала пред 4 години. „Се запознавме во градот Штум на меѓународна регата. Таму разменивме контакти. Минатата година дојдоа тука и учествуваа на нашата Илинденска регата. Им се допаднаа условите во Охрид затоа сега се тука на зимски подготовки на кајак на мирни води.“ -кажа Радован Попоски …

Мар 11, 2019

ТВМ телевизија го објави ценовникот за политичко рекламирање на интернет

ТВМ телевизија го објави ценовникот за политичко рекламирање на интернет, за изборите за Претседател на Република Македонија и предвремените избори за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар на 21 април 2019 година.

Мар 11, 2019

Од чешмите во селото Долно Лакочереј конечно протече безбедна вода за пиење

Од чешмите во селото Долно Лакочереј конечно протече безбедна вода за пиење, информираат од МЈП Проаква. Жителите од ова приградско село може да здивнат од фактот дека пијат исправна вода за пиење од водоводниот систем. Ова го покажаа последните анализи по само еден месец од преземањето на управување со водоводниот ситем од страна на МЈП Проаква, напоменува директорот на претпријатието Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква . „ Со ова покажевме дека се обезбеди сигурна вода пиење и саниран водоводен систем за кратко време. Се надеваме дека и другите месни заедници ќе најдеме арзбирањ…

Мар 11, 2019

Свикана дваесет и петтата седница на Советот на општина Охрид

На ден 14.03.2019 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во големата сала на зградата на Општина Охрид, ќе се одржи дваесет и петтата седница на Советот на општина Охрид. На дневен ред на ова издание на седницата на советот, ќе се најдат повеќе од педесеттина точки од кои голем број се однесуваат на донесување Предлог – одлуки за усвојување на извештаи за реализација на голем број развојни програми, како за улично осветлување, изградба на локални патишта, изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадна вода, изградба на сообраќајна сигнализација, одржување и користење на п…

Мар 11, 2019

Екипата на „Чист Охрид“ го светна паркот кај „Бараки“

„Чист Охрид“ ја одржа својата 31. акција во паркот кај населбата Бараки каде во целот беше исчистен просоторот на паркот во кој е сместено детското игралиште. „На лице место воочивме дека на целиот простор каде што има детско игралиште и игралиште за кошарка нема ниту една канта за ѓубре, а клупите во паркот се искршени. Во близина немаше ни контејнери така што по обидот да ги известиме службите со возила за собирање смет, останува да апелираме Охридски Комуналец да го отстрани ѓубрето кое го собравме, во кое имаше и огромно количество стакло. Сенадеваме дека во најбрзо време ќе се постава…

Јан 3, 2022

МЕЃУНАРОДНИ ЕКОЛОШКИ КОРИДОРИ

Министерството за животна средина и просторно планирање е вклучено и активно учествува во регионален проект на ЕУ: Програма на Партнерството за животна средина во процесот на пристапување кон ЕУ во активности за интеграција на зелена инфраструктура и еколошки коридори. Проектот ги идентификуваше приоритетните подрачја за обновување на екосистемите и идентификација на зелена инфраструктура. Во фокусот на активностите е опфаќање на еколошките коридори на Балканскиот рис  Во Република Северна Македонија беа идентификувани три приоритетни подрачја (два прекугранични со Република Албанија и еден…

Мар 8, 2019

Охридските ракометари во сабота играат против РК Прилеп

Ракометниот клуб Охрид в сабота на домашен терен игра против тимот на Прилеп. Тоа е  вториот натпревар од пролетната полусезона во машката ракометна Супер лига. Охрид оди на победа за да ги задржи шансите за пласман во плејофот.„Ние сме овде фаворити. Играме на домашен терен. Тие нема овде што да бараат. Утре ќе излеземе на терен само да си ги верификуваме трите бодови и полека да се подготвуваме за последните два натпревари од регуларниот дел од сезоната со Пелистер и Еурофарм Работник. Теоретски сеуште имаме шанси за плеј оф.  Ако ни се пружи шанса нормално дека ќе ја искористиме. “ – Мар…

Сеп 30, 2021

Европската недела на спортот и во Охрид

Под мотото „Те предизвикувам да бидеш активен“ во Охрид ќе се одбележи Европската недела на спортот.Агенцијата за млади и спорт заедно со локалните клубови, амбасадори и национални спортски федерации, како и спортски работници, организира рекреативен ден. „Во текот на денот, сите игри од различни спортови ќе бидат достапни, од полигон за сите возрасти, до ракомет, кошарка, фудбал, пилатес, а можеби и рекреативни активности за спортови на вода. Со толку многу различни спортови и голема разновидност на поединци, ќе го прославиме крајот на Европската недела на спортот и ќе собереме сила да …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top