Свикана дваесет и петтата седница на Советот на општина Охрид

На ден 14.03.2019 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во големата сала на зградата на Општина Охрид, ќе се одржи дваесет и петтата седница на Советот на општина Охрид.

 |   | 

На ден 14.03.2019 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во големата сала на зградата на Општина Охрид, ќе се одржи дваесет и петтата седница на Советот на општина Охрид.

На дневен ред на ова издание на седницата на советот, ќе се најдат повеќе од педесеттина точки од кои голем број се однесуваат на донесување Предлог – одлуки за усвојување на извештаи за реализација на голем број развојни програми, како за улично осветлување, изградба на локални патишта, изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадна вода, изградба на сообраќајна сигнализација, одржување и користење на паркови и зеленило итн.

Исто така на ова издание на седницата градските избраници ќе дискутираат и за Предлог-одлуките за усвојување на Извештаите за финансиското работење и Годишните сметки на детските градинки, основните и средните училишта во нашиов град. Ќе се усвојуваат извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија, претив пожарната територијална единициа и голем број одделенија во општината.

Треба да биде изгласан и Правилникот за субвенционирање (начинот и видот) на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство, а ќе треба да се утврдат и роковите за спроведување мерки за финансиска поддршка и субвенционирање на трошоци за културна и туристичка промоција на градот Oхрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top