Охридските ракометари во сабота играат против РК Прилеп

За охридските ракометари, победа е единствениот прифатлив исход од утрешниот натпревар против Прилеп.  Во последните два натпревари од регуларниот дел од сезоната Охрид ќе игра со Пелистер и Еурофарм Работник. Три бода против Прилеп во сабота,  ќе значат шанса за пласман во плејофот.

 |   | 

Ракометниот клуб Охрид в сабота на домашен терен игра против тимот на Прилеп. Тоа е  вториот натпревар од пролетната полусезона во машката ракометна Супер лига. Охрид оди на победа за да ги задржи шансите за пласман во плејофот.

„Ние сме овде фаворити. Играме на домашен терен. Тие нема овде што да бараат. Утре ќе излеземе на терен само да си ги верификуваме трите бодови и полека да се подготвуваме за последните два натпревари од регуларниот дел од сезоната со Пелистер и Еурофарм Работник. Теоретски сеуште имаме шанси за плеј оф.  Ако ни се пружи шанса нормално дека ќе ја искористиме. “ – Мартин Иваноски, бек РК Охрид

Охридските ракометари ја повикаа публиката да дојде во што поголем број на утрешниот натпревар. Српскиот интернационалец Лазар Петровиќ ги сподели своите впечатоци за охридските љубители на ракометот и направи споредба со интересот за ракометот во својата земја.

„Мое мислење е дека овде ракометот многу повеќе се сака и почитува и пред се се гледа. На секој наш натпревар овде има посетеност од околу 1000 луѓе. Тука се и Рибарите секогаш да не поддржат. Во Србија на пример и дерби натпревар меѓу Ѕвезда и Партизан има можеби само 200 до 300 гледачи. Тука ракометот многу повеќе се почитува. “ – Лазар Петровиќ – бек РК Охрид

Спортскиот директор на клубот, Горан Недески најави казни за играчите за пристапот во играта против  Струга , натпревар кој РК Охрид го загуби со резултат 29-25. Ракометарите играа без жар и го изгубија дербито, кажа Недески.

„Ќе бидам искрен. Не е се во ред. Се виде недисциплинатас на мечот со Струга. Причината за поразот ја преземаме како тим, не бараме посебен виновник. Екипата ќе биде санкционирана. Се надевам нема да се повтори таквиот пристап кон мечот.“ -Горан Недески – спортски директор РК Охрид

Натпреварот против Прилеп ќе се одигра утре во СРЦ Билјанини Извори со почеток во 19 часот. РК Охрид моментално се наоѓа на петтата позиција на табелата а Прилеп е десетто пласиран .

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top