Апр 8, 2019

Лазе Таневски, претседателот на О.О. на СДСМ презентираше дел од предизборната програма на Константин Георгиески

Лазе Таневски, претседателот на Општинската организација на СДСМ презентираше дел од предизборната програма на Константин Георгиески. Тој се осврна на развојот на туризмот, потенцирајќи ја важноста на мерките на централната власт во делот на воспоставување дирекни чартер летово од охридскиот аеродром преку кои Охрид станува поврзан град преку целата година, што значително влијае врз бројот на туристи и остварени ноќевања. Ја напомена и важноста на промовирањето на Охрид на меѓународните саеми преки Агенцијата за промоција на туризамот. Но локалната треба да работи на планско и стратешко под…

Апр 8, 2019

ЗАМЕНА НА ДОТРАЕНА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА ВО ЛЕСКОЕЦ

Екипите на МЈП „ Проаква“ – РЕ „ Водовод“ денес отпочнаа со замена на стара и дотраена водоводна линија со нова, на два крака од улицата „ Илинденска“ во с. Лескоец, со што ке се подобри водоснабдуванјето на населението и воедно ке се намалат досегасните загуби предизвикани од дотраеноста на постоечката линија. Во исто време ќе се дадат и нови приклучоци на корисниците.

Апр 8, 2019

В.Д.ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ГО ЧЕСТИТА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиевски по повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија. -Најискрено ви го честитам 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, посакувајќи ви успех и просперитет како на личен така и на план на заедницата . Вашата традиција , култура и начин на живеење се нераскинлив дел од нашето секојдневие и од македонското мултиетничко општество. На овој ден празнуваме за различностите но и за евалуација на степенот на вклученост на ромите во општественото живеење. По…

Апр 8, 2019

Акција за чистење потег од „Петља“ до с.Подмоље

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на расфрланиот комунален отпад на патниот правец Охрид-Скопје на потегот од „Петља„ до с.Подмоље. Со акцијата се започна од раните утрински часови-од 5 часот, а во акцијата учествуваа 8 комунални работници. Расчистен беше и потегот кај автобуската постојка кај с.Подмоље до стариот пат Охрид-Струга. За жал и овој пат подигнати се огромни количини пластична и хартиена амбалажа и друг вид ситен отпад (околу 60 вреќи) расфрлани покрај коловозот и во тревните површини.

Апр 8, 2019

Викендов на аеродромот во Охрид, пристигна првиот лет на „Edelweiss“ од Цирих

На аеродромот Св. Апостол Павле викендов во Охрид со воден топ во форма на виножито и торта пречекани 174-те патници кои пристигнаа од Цирих, најголемиот град во Швајцарија, со авионот Ербас 320 на Edelweiss. На оваа директна линија ќе оперира авиокомпанијата Edelweiss, водечка туристичка авиокомпанија во Швајцарија, со база на аеродромот во Цирих. Како сестринска компанија на Swiss International Air Lines и член на Групацијата Луфтханза, Edelweiss лета до 70 дестинации во 32 земји ширум светот, а со воведувањето на линијата Цирих-Охрид-Цирих, патниците можат да изберат меѓу патување до гр…

Апр 5, 2019

Поддршка за Михаил Трендафилов Нанче од поранешното раководство на Обединети за Македонија Охрид

Владимир Каневчев поранешниот претседател на охридскиот огранок на Обединети за Македонија, која пред неполн месец се распушти, го повика поранешното членство и симпатизерите како и сите незадоволни и изманипулирани членови и гласачи од големите партии, да го поддржат Михаил Трендафилов Нанче за Градоначалник на Охрид.  На Охрид му треба искусен менаџер, организатор и независен човек а не неми извршители на ситнопартиските интереси, кажа Каневчев. „Сигурни сме дека Нанче може да ги обедини сите прогресивни, висококвалитетни кадри, целокупната интелигенција во Охрид и од двете најголеми парт…

Јан 14, 2022

Поранешна полициска службеничка пронајдена мртва во стан во Охрид

 Безживотно тело на женско лице синоќа е пронајдено во стан на улицата „Сирма Војвода” во Охрид. Според непотврдени официјални информации, станува збор за М.М. поранешна припадничка на полициската служба, на која пред четири години и е прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи. Причините за настапувањето на смртта односно околностите во врска случајот ќе ги покаже истрагата врз основа на увидот на лице место спроведен уште во текот на вчерашниот ден. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

Апр 5, 2019

На две основни училишта и на општинската зграда поставени сончеви колектори

Заврши проектот за поставување фотоволтаични системи на две основни училишта и на општинската зграда. Сончевите панели во површина од 100 метри квадратни кои ќе даваат енергија од 15 киловати, веќе се монтирани на училиштето Живко Чинго во с. Велгошти, Св. Наум Охридски во с. Пештани и на зградата на Општина Охрид. Останува уште некои поситни технички работи да бидат завршени за да почне нивното користење. Наскоро ќе имаме производство на електрична енергија во двете училишта и во општина Охрид и тоа чиста електрична енергија добиена по еколошки пат, Томе Џамтоски-портпарол на Општина Охри…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top