На ден 10.06.2019 година со почеток во 11:00 часот, во зградата на Општина Охрид ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид.
Нa почетокот на наредната седмица градските советници ќе тѕреба да дадат зелено светло за одобрување на финансиска поддршка за реализација на проект „Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“. Најголем дел од дневниот ред на ова издание на седницата на совет го сочинуваат предлог програмите за измена на програмит, за поттикнување на развојот на туризмот,за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2019, …
Заврши тендерот кој го распиша Локалната за избирање најдобра понуда за дезинсекција на подрачјето на Охрид. Го доби фирма од Кавадарци која понудила толку ниска цена што стручните лица се вчудоневидени како воопшто ќе ги набави потребните средства за вршење на оваа не така едноставна постапка. Години наназад дезинсекцијата ја вршеше Центарот за јавно здравје од Охрид од каде и годинава се пријавиле на тендерот, но не го добиле поради според нив нелојалната конкуренција.
Ние секако дека приговаравме на самата постапка и на цената која беше понудена бидејќи со толку ниска цена навистина е м…
Нема дилема дека Охрид ќе се најде на листата на загрозено светско наследство. Кога ќе се даде таква препорака таа понатаму и се усвојува од Комитетот на УНЕСКО и во овие околности таквата одлука е праведна, сметаат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Тоа праќа порака дека како држава сме потфрлиле, не сме направиле доволно да си го заштитиме единственото УНЕСКО подрачје кое е едно од ретките не само културни туку и природни заштитени богатства, вели вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест. „Доколку го изгубиме статусот односно не прогласат за подрачје…
Ќе продолжиме да работиме за создавање на услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучувањето во општините. Работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво за лицата со попреченост и целосна интеграција на лицата со посебни потреби во општеството, кажа на денешната прес конференција Ристо Николески кандидат за советник од СДСм и Коалицијата.
Во таа насока отвораме Канцеларија за лица со посебни потреби во рамки на локалната самоуправа, која ќе има за цел да се грижи за потребите на оваа категорија граѓани на ниво на општината. Во канцеларијата ќе бидат враб…
Родот на црешите, праските, кајсиите, вишните е загрозен од дождот. Долготрајниот, дождлив период во охридскиот регион е неповолен за коскестото овошје. Врнежливото време, посебно го загрозува годинешниот род на црешата кој е во фаза на зреење, стравува Ванчо Стојаноски, одгледувач на цреша. Стојаноски, сепак, се надева дека временските услови ќе се подобрат, а овоштарите треба веднаш да почнат со прскање на стеблата. „ Препорака до одгледувачите на коскестото овошје, посебно на црешата. Веднаш да го фатат првиот ден по влажниот период и да ги третираат овошките против мунилија. Таа е опасн…
Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември. Ова тестирање е предвидено со програмата на Владата, како и во законот, чија примена се планира да започне од новата учебна година.
Основците ќе бидат дел од ново, т.н. национално тестирање. Се планира учениците да бидат тестирани двапати во текот на основното образование. Едното тестирање треба да се спроведе во четврто одделение, а другото во де…
Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра.
Како што се наведува во тендерот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, идниот проектант ќе треба да ги изработи и докомплетира основните проекти и проектите за инфраструктура за сите 5 подделници на автопатот. Обемната листа вклучува препроектирање за стабилизација на косините и санација на свлечиштата долж целата траса, изградба на контролен центар за тунелот „…
Охрид сеуште трчаТ. И по завршувањето на третото издание на Атлетскиот викенд Охрид трчаТ коментарите не стивнуваат, а импресиите се сеуште силни. И покрај дождот кој врнеше за време на целиот настан, се помина беспрекорно. Предизвикот за организаторите беше уште поголем, а учесниците во суперлативи зборуваат за спортската манифестација. Годинава на „Охрид трчаТ“ беа пријавени 1.585 натпреварувачи. Најголемиот дел од нив истрчаа до крај и на двете патеки, едната со должина од 5 километри, а другата со должина од десет километри. На десеткилометарската патека победија најдобриот македонски а…