Јун 19, 2019

Осуманестото издание на меѓународното натпреварување „Охридски бисери“ ги донесе врвните музички имиња во Охрид

Целта на натпреварот е да се откријат и стимулираат исклучително талентирани ученици и студенти, да се забележи нивото на напредок во музичкото образование и да им се овозможи на надарените ученици да станат професионални уметници. Во текот на петте натпреварувачки денови, во настапија осумдесетина учесници од Македонија и како и од земјите од регионов и Евроа. Годинава на програма се дисциплините дувачки инструменти и камерна музика во различни состави со дувачки инструменти. Врвните имиња од светот на касличната музика, дел од жирито на осумнаесетиот меѓународен натпревар „Охридски бисер…

Јун 18, 2019

Јубилејно 35-то издание од Интернационалната Ликовната Колонија „Дебрца” 2019

Интернационалната Уметничка колонија “Дебрца” – Белчишта, преставува најмасовна културна манифестација во општината Дебрца. Активно постои 35 години. Редовно се одржува во летниот период јуни/јули. На колонијата учествуваат 12 – 15 учесници кои творат исклучиво на територијата наДебрца. На колонијата досега зеле учество преку 200 уметници, од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Полска, САД, Канада, Герамнија, Малезија, Русија, Узбекистан, Украина, Кипар, Монголија и други земји. Создадени се преку 500 уметнички дела кои се изложени во Музејот на уметноста во општина…

Јун 18, 2019

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ.„КОСТА АБРАШ“

Започнаа градежните зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација на делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта. Јавното претпријатие „Нискоградба“ кое ја изведува реконструкцијата ќе постави 80 метри канализационен вод со пречник ф/300, со што трајно ќе се реши проблемот со излевање на атмосферската вода при поголеми врнежи. Поради изведување на градежните работи, сообраќајот на овој потег, целосно ќе биде затворен во периодот од 07 до 17 часот, до завршувањето на реконструкцијата.

Јан 19, 2022

Јавна дебата за финансирање на ивестициски проекти за енергетска ефикасност

Во рамките на проектот (ПСЕЕП), oпштина Охрид поднесе проектни фишеа за финансирање на изработка на проектно техничка документација и финасирање на инвестициски проекти за енергетска ефикасност за неколку објекти, при што беа прифатени следните под-проекти: Реконструкција на ООУ Христо Узунов со ЕЕ мерки   Реконструкција на  ООУ Братство Единство-Лескајца со ЕЕ мерки   Реконструкција на ООУ Св. Климент Охридски со ЕЕ мерки Со цел успешна имплементација на прифатените под-проекти, општина Охрид организира јавна дебата на која се поканети директорите, членовите вo Советот на родител…

Јун 18, 2019

Oбука за спасители на отворени води

Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира во периодот од 3 – 10 јули. 2019 г. Обуката која ќе се изведува на Охридското езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ). Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања: да се на возраст од 18-35 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени)да достават потврда за здравствена способностт за обавување спорт и спорт…

Окт 7, 2021

„Гладијаторите“ во сабота го пречекуваат Еурофарм Пелистер

Во рамки на шестото коло од Супер лигата „Гладијаторите“ на домашен терен го пречекуваат битолски Еурофарм Пелистер. Натпреварот е закажан за сабота, 9-ти октомври, со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“. Влезот ќе чини 100 денари. Дозволено е присуство на гледачи до 30% од вкупниот капацитет на салата, а потребно е приложување на сертификат за извршена имунизација или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена. Задолжително е носење на заштитна маска. Охридските ракометари, по пет одиграни кола имаат четири победи и еден пораз. Тие со 12 бодови се трет…

Јун 17, 2019

Започна првото пријавување за запишување ученици во прва година

Во средните училишта во државава денеска и утре се спроведува првото пријавување за запишување ученици во прва година во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок. Уште од утринава новите средношколци кои веќе одлучиле каде ќе го продолжат своето образование се упатија кон некој од четирите средношколски центри во градов за да ги достават своите пријави. Во општинското средно стручно училиште „Ванчо Питошески“ уписот течеше без никакви проблеми, а учениците имаат можност да се запишат на еден од шестте профили и тоа: тригодишните за кувари и келнери и четиригодишните за хотелско тури…

Јун 17, 2019

Во Охрид започна со работа медицинскиот симулациски центар

Од денес во просториите на Специјалната болница за превенција,лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид , после претходно склучен Меморандум за соработка започна со работа Медицинскиот симулациски центар. Овој центар ќе функционира со цел едукација,тренинг,стандардизација на протоколи и координација на медицински персонал за напреднато срцево белодробно оживување на сите нивоа во третман на пациентите. Исто така овој центар во иднина ќе биде ставен во функција на сите групи граѓани во едукација на давање на прва медицинска помош или основно одржување во живот. Во Е…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top