„Гладијаторите“ во сабота го пречекуваат Еурофарм Пелистер

Во рамки на шестото коло од Супер лигата „Гладијаторите“ на домашен терен го пречекуваат битолски Еурофарм Пелистер.

 |   | 

Во рамки на шестото коло од Супер лигата „Гладијаторите“ на домашен терен го пречекуваат битолски Еурофарм Пелистер.

Натпреварот е закажан за сабота, 9-ти октомври, со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“. Влезот ќе чини 100 денари.

Дозволено е присуство на гледачи до 30% од вкупниот капацитет на салата, а потребно е приложување на сертификат за извршена имунизација или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена. Задолжително е носење на заштитна маска.

Охридските ракометари, по пет одиграни кола имаат четири победи и еден пораз. Тие со 12 бодови се трети на табелата зад Вардар и Еурофарм Пелистер. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top