Oбука за спасители на отворени води

Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира во периодот од 3 – 10 јули. 2019 г.

 |   | 

Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира во периодот од 3 – 10 јули. 2019 г. Обуката која ќе се изведува на Охридското езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

да се на возраст од 18-35 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени)
да достават потврда за здравствена способностт за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар / здравствена установа.

Кандидатите можат да се пријавуваат лично во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 8-16 ч., на телефоните 046 261-909 и 070 315-309 или електронски на линкот https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdw_KHsTZXA7_uS7LFPzPqPuu6QyQBGJiKRMG47ZXfc7J6k4Q/viewform?fbclid=IwAR01EjSvEkbwTOk8X-yPLZu–Ly8iYS4Z054yRVL8SfXwL06Jm6-wPFxK7Q

За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман на капалиштата на Охридското езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top