Министрите за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Албанија денеска во Тирана ги разгледаат можностите за контролирано изловување охридска пастрмка од двете страни на границата.
Ова прашање, како што истакна министерот Трајан Димковски, се провлекува подолго време, но постои иницијатива за негово решавање. За решавање на проблемот околу излов на охридската пастрмка, покрај од македонска, смета дека треба да има интерес од албанска страна.
„Охридското Езеро неодамна доби концесионер, што е многу важно да знаеме кој да контролираме и следиме и да добиеме информции како с…
За градоналникот Константин Георгиески нема дилема дека треба да се почитуваат правото и законот во урбанистичката сфера. Во моментов општината постапува по решенија за одстранување на нелегални градби, а при тоа се користат сите правни лекови, рече охридскиот градоначалник. Проблемот со дивоградбите, напластени со години, не може да се реши за ден- два, вели Георгиески. Од 2003 година во општината не е срушено нити едно столпче на дивоградбите, кажа градоначалникот. Покрај рушење на дивоградби во делови на градот, тој најави дека ќе се одстрануваат и сите платформи на угостителските објект…
Под мотото „Дефилирај не се фолирај“ се одржа марш во организација на ПХВ младинците на ОО ЦК. Во прошетката која се одвиваше од плоштадот Крушевска Република од Холандскиот парк зедоа учество голем број охридски основци и средношколци од сите општински училишта.
„ Ние денес испративме порака за соживот, толеранција, разбирање, почитување на разликите. Промоцијата на хумани вредности е програма со која 20 години на годишно ниво се обучуваат по 1200 млади кои прават проекти за доброто на заедницата“, напоменува Весна Терзиоска инструктор за ПХВ и потпретседател на ОО ЦК.
Младите охриѓани п…
Традиционално, последниот петок во месец септември е датумот за одржување на културната манифестација Охридски староградски средби. По 31-ви пат во Центарот за култура ќе се слушнат песни со староградски мелос, информира Горан Симоноски директор на установата „Григор Прличев“. Манифестацијата нуди можност да се слушнат песни со строградски призвук од сите краишта на земјава. Годинава на средбите ќе настапат хорови, пејачки групи и Културно уметнички друштва од Скопје, Штип, Прилеп , Тетово, Гевгелија, Богданци, Охрид и Дебрца. Музичките групи кои негуваат ваков мелос имаат голем интерес за …
Времето денеска во Охрид облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.
Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.
Поради спуштање на студена воздушна маса од север во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна по…
Локалната власт прави фарса од уривањето и спречувањето изградба на нови дивоградби со тоа што за неа се незабележливи дивоградбите во заштитеното подрачје, обвинија денес на прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
Портпаролот Перчо Божиновски потенцира дека СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески дозволија да не се почитува мораториумот, и по неговото донесување за било какви урбани и крајбрежни трансформации.
„Крајот на септември се ближи кога ќе треба власта во Париз пред претставниците на УНЕСКО да објасни што е преземено досега.Крајно време е Георгиески …
Со финансиска поддршка од буџетот на општина Охрид во Универзитетот за доживотно учење Кузман Шапкарев ќе се организира бесплатно дооформување на основно образование на возрасни граѓани од Охрид.
Предност имаат членови од социјално загроземи семејства, самохрани родители, деца без родители и невработени лица, при што треба да се достави следната документација:
– копија од лична карта како доказ за жителство на Охрид- сведителство за последно завршино одделение за оние кои имаат посетувано настава- пријавување на лица со навршени 16 години и работоспособни граѓани ( доказ извод на родени)
…
Градежниот институт Македонија (ГИМ) ќе го врши препроектирањето и допроектирањето на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за автопатот Кичево – Охрид.
Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, Јавното претпријатие за државни патишта издвоило околу 2,3 милиони евра за докомплетирање на проектната документација, со што се отвора вратата за довршување на изградбата на автопатот долг 57 километри.
– Предвидениот временски рок за изготвување на проектната документација изнесува 12 месеци по склучување на договорот – велат за …