• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт прави фарса од уривањето и спречувањето изградба на нови дивоградби

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт прави фарса од уривањето и спречувањето изградба на нови дивоградби

Локалната власт прави фарса од уривањето и спречувањето изградба на нови дивоградби со тоа што за неа се незабележливи дивоградбите во заштитеното подрачје, обвинија денес на прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид. 

 |   | 

Локалната власт прави фарса од уривањето и спречувањето изградба на нови дивоградби со тоа што за неа се незабележливи дивоградбите во заштитеното подрачје, обвинија денес на прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.

Портпаролот Перчо Божиновски потенцира дека СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески дозволија да не се почитува мораториумот, и по неговото донесување за било какви урбани и крајбрежни трансформации.

„Крајот на септември се ближи кога ќе треба власта во Париз пред претставниците на УНЕСКО да објасни што е преземено досега.
Крајно време е Георгиески да се прибере во сопствениот град, да не се крие и да не го избегнува најголемиот проблем со дивоградбите.
Која беше причината што се запре со рушење на дивоградбата каде што летаа само ќерамиди? Дали е во прашање повторно коалициски договор на штета на охриѓани?Локалната власт прави фарса од уривањето и спречувањето изградба на нови дивоградби со тоа што за неа се незабележливи дивоградбите во заштитеното подрачје. Доколку Георгиески е уценет и нема сила да се справи со овој проблем доблесно е да им каже и признае на охриѓани и веднаш да се повлече од функцијата градоначалник на Охрид“ рече Перчо Божиновски -портпарол ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top