Сеп 16, 2010

Туристичка приказна или пуст остров?

Современите туристички текови и секојдневно менливата туристичка побарувачка, се најголемата можност, но и закана за развојот на туристичката понуда од овој регион. Експертите тврдат дека она што на самиот регион му недостига е заеднички имиџ и заеднички настап на светскиот туристички пазар. Останатите региони одлично ја продаваат туристичката приказна и не претекнуваат во секој поглед, согласни експертите. Претседателот на Меѓународната организација за развој на туризмот, SACEN,  Драган Глигоријевиќ кажа дека основната грешка која ја прават туристичките работници од Охрид и Македонија вооп…

Сеп 16, 2010

ВМРО-НП во интерес на туризмот

Согледувањето на туристичката сезона која измина, тема на пресс конференцијата на ВМРО НП. Претседателот на ОК Ванчо Костоски уште на почетокот потенцираше дека оваа партија уште во месец април 2010 год. предвидувајќи што може да се случи организираше трибина за перспективите за развој на туризмот во општина Охрид. Тој додаде дека поканетите стручни лица од институциите, професорите, туристичките работници и покрај тоа што уште тогаш дадоа одредени насоки за развој на туризмот во општина Охрид, сепак ништо не се случи.„Тогаш имавме забелешки дека малку е касно за вакви трибини и дека истите…

Сеп 15, 2010

Охридските кампови ги задоволуваат основните услови, велат експeртите

Кампинг туризмот во целиот Балкан ќе се подигнува на повисоко ниво.  Македонија има потенцијал  и традиција за развој на модерен кампинг-туризам,  но мора да се осовременуваат. Сопствениците треба постојано да ги следат развојните текови доколку сакаат успешен настап на пребирливиот европски пазар, отценува германскиот експерт за кампинг туризам кој деновиве престојува во Македонија и регионот, Волфганг Фромер. „Гледам дека досега нема многу германски туристи во Македонија, а ние сакаме да им помогнеме на сопствениците на камповите во Маркетиншки аспект и советодавно да се подигнат условите…

Сеп 15, 2010

Новите студенти на „збор“

Симболично со химната на Македонија и универзитетската химна отпочна првиот академски час на ФТУ „Св. Климент Охридски“ Охрид. Успешна академска година на новите студенти им посака деканот на ФТУ Сашо Коруноски и ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Златко Жоглев. Деканот на ФТУ Коруноски, рече дека денешниот ден е од големо значење за идните академци и како настан му се придава голама важност. Тој посебно го истакна податокот за отворањето на новата гранка, гастрономија исхрана и диететика.Ректорот на Битолскиот универзитет Жоглев рече дека не случајно е на првиот акаде…

Сеп 14, 2010

Се бара разрешување на командирот на охридската полиција

Морално некомпетентни – вака командирот Добривое Петрески ги нарече оние кои пред 3 години кренаа два прсти за неговиот мандат како командир на охридската полиција. Петрески беше избраникот од тогаш доставените тројца кандидати до охридскиот Совет. Тој тогаш јавно и пред сите изјави дека ќе биде максимално транспарентен и 24 часа достапен за информации, не само за советниците туку и за сите граѓани. За возврат на дадената доверба од пред три години, командирот на вчерашната седница на Советот народните избраници ги нарече морално некомпетентни. Ова беа само дел од навредите бидејќи според к…

Сеп 14, 2010

Внимателно со струјата

„Голем напон на струја ни ги изгоре електричните апарати“. Денес на ова се пожалија дел од жителите на ул. „Васил Стефоски“ населба Воска. Во близина на крајбрежниот дел на овој опфат, некаде на 100 метри површина, пред 7 дена во моментот кога екипи на ЕВН изведувале зафат одеднаш во куќите се слушнало гласно пукање. Во истиот момент неприклучените електрични апарати светнале и прегореле, а дел од неонките се топеле, во паника кажуваа жителите сведоци на оваа појава. Не останало ништо од нивните фрижидери, телевизори, компјутери, ресивери и друго освен празни неупотребливи кутии, додаваат т…

Сеп 14, 2010

Медиуми и религија

Медиумите да бидат одговорни кога известуваат за религиски теми. Ова е главната порака од Конференцијата за религиозна димензија на меѓукултурниот дијалог, што овие два дена се оддржа во Охрид. Всушност оваа дебата е продолжена рака на втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Истата се смета дека е од големо значање, бидејќи акцентот бил на медиумите како главна нитка меѓу верските заедници, државата и публиката. Директорот на Комисијата за религиски прашања Валентина Божиноска рече дека од оваа конференција произлегле значајни заклучоци пред се констатациј…

Сеп 13, 2010

Ни безбедносната состојба во Охрид не ги соедини советниците

Додека едните бараат нешто да се превземе околу безбедносната состојба, командирот на ПС Добре Петрески, презентирајќи статистички податоци тврди дека во споредба со минатата година, Охрид е побезбеден. Тој обвинувањата дека Охрид се соочува со вакви проблеми поради неговата недоволна ангажираност ги дематира.„Љуѓе нестручни во правото да делат коментари дека командирот е нестручен ги сметам тенденциозни. Ќе го потсетам советникот од НСДП дека во казненото право има фрагментарен карактер“, вели командир на ПС Охрид, Добре Петрески.      На овие обвинувања веднаш реагираше советникот од НСДП…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top