Ное 13, 2010

Рачна граната покрај кејот на Охридското Езеро

Туристите и граѓаните на Охрид кои денеска шетаа на кејот на Охридското Езеро, на само пет метри од брегот, можеа да забележат неексплодирана рачна граната, најверојатно, од Втората светска војна. Се работи за рачна граната која се наоѓа на длабочина од околу половина метар од десната страна на рекреативниот мост пред хотелот Палас. Се очекува надлежните служби и експерти пиротехничари да ја отстранат бомбата, која е потенцијална опасност за околината. Се претпоставува дека гранатата на ова место во Охридското Езеро пред два дена, за време на невремето, ја донеле силните бранови.{loadposi…

Ное 13, 2010

На слобода дел од обвинетите за убиството на Дејан Новаковиќ

Ослободителна пресуда за четворица, од седумината осомничени за убиството на српскиот гостин Дејан Новаковиќ. Адвокатот на ослободените Воислав Димовски рече дека ослободителната пресуда настапила поради изјава за откажување од кривично гонење од страна на обвинителот. Спрема останатите тројца постапката продолжува, додава тој. Димоски кажа дека до крајот на наредната работна седмица очекуваат обвинителен акт за преостанатите тројца осомничени, кој до овој момент сеуште го немаат добиено па така незнаат за кое кривично дело ќе им се суди. Со добивањето на обвинителниот акт ќе се знае и какв…

Ное 12, 2010

Кина, преку Охрид клуч за македонскиот пазар

Со сеуште свежи сеќавања од посетата на Кина, од пред околу 5 години, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, ја најави посетата на високата делегација од градот Далиан. Придружуван од тогашниот претседател на Советот на општината Владо Чинго и Венко Шапкар, Петрески со воодушевување ги пренесе своите импресии за ова специфично место. Но и во оваа пригода не испушти да ја искритикува актуелната власт на ВМРО –  ДПМНЕ, која не го поканила минатата година, при посетата во Кина. Постојат реални изгледи збратимувањето со кинескиот град Далиан да резултира со епилог, Кина преку Охрид да в…

Ное 12, 2010

Некои кренаа раце од наградите но некој и ќе тужи

Конкурсот за најпрестижната награда на градов „Наградата  за животно дело“ и Повелбите „Св. Климент Охридски“, заврши. Дали годинава ова признание, а и неговите добитиници ќе го добијат третманот и вниманието кое го заслужуваат? Ќе заврши ли конечно наградата во рацете на оние кои по заслуга ја добиле? Иако некои од минатогодишните добитници на Св Климентовата награда веќе не се ни надеваат дека таа ќе дојде во нивните раце, некои ќе одат до крај. Минатогодишниот добитник на Наградата за животно дело, пратеникот Цветко Грозданов за ТВМ изјави дека, иако честа да се биде добитник на оваа наг…

Ное 12, 2010

Конкретен проект за решавање на проблемите со водоснабдување на Општина Охрид

Капитален проект, со кој би се решил проблемот со водоснабдувањето во Охрид. Од О.О на ВМРО Народна велат дека станува збор за изградба на нов водовод во должина од 25 км. Со овој водовод, капацитетите на извориштето Дувло, од атарот на Сел.Свиништа како и на изворите на Коселска река ќе бидат искористени за водоснабдување на селата кои гравитираат по течението на Коселска река, како и на Општина Охрид. Костоски вели дека изворите се со капацитет од 135-2000 л/с. Станува збор за квалитетна вода чиј состав не е толку богат со варовник, со чија помош ќе се реши водоснабдувањето на селата Лес…

Ное 12, 2010

Новинарите на испит во ОК на ВМРО – ДПМНЕ

Отворен и слободен начин на комуникација со медиумите. ОК на ВМРО – ДПМНЕ за реализација на своите активности ќе работи по европски терк. Денешната средба со новинарите беше пример за тоа. Раководната гарнитура на овој политички блок даде одврзани раце новинарите слободно да поставуваат прашања без разлика од која област произлегуваат, само да се во интерес на јавноста. Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид Илија Мојсоски рече дека целта е интерактивна дискусија меѓу челните луѓе на партијата и новинарите. Претседателот на партијата Атанаско Михаилов акцент даде на нашето прашање, “Кое е нег…

Ное 12, 2010

Решен статусот на дел од вработените во охридската градинка

Принципиелно решавање на статусот на ангажираните со договор на дело во детските градинки. Четири негувателки и три воспитувачки веќе се стекнаа со долгоочекуваните решенија за регулирање на редовен работен статус во охридската детска градинка „Јасна Ристеска“. В.Д. директорот на оваа установа Марина Петроска Тодороска вели, дека се` поминало согласно законските пропозиции, а тоа е исполнување на условите по конкурсот и давање предност на оние кои имаат подолг работен стаж со договор на дело. Тодороска кажа дека ова е реализација на првата зацртана фаза од страна на ресорното Министерство з…

Ное 11, 2010

Лајонизмот делува јавно

Потсетување на реализираните хуманитарни акции и поттикнување на интерес за нови. Ова беше главната цел на денешниот прес на охридските лајонисти од клубот „Охрид“. Тие потсетија дека хуманитарните дела во денешно време се повеќе од потребни. „Лајонизмот делува јавно, тоа треба да се знае“. Охриѓани не се доволно информирани за бројните активности на лајонистите од Охрид, кои што се спроведени во периодот од 4 години, вели портпаролот на Лајонс клубот „Охрид“, Ѓоко Апостолов. Тој кажа дека нивниот клуб се издвојува од останатите, не само по тоа што се првоформирани во внатрешноста на Макед…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top