Ное 29, 2010

Литературата за деца непрофитабилна за авторите

Во земјава скоро и да нема автори кои творат литература за деца и млади. Оваа литература е непрофитабилна за авторите. Засега на ова поле остана осамен единствено писателот за деца Горјан Петрески. Овој сериозен проблем се провлекува со години наназад, од осамостојувањето на земјава, велат писателите. Станува збор за негрижа на општествениот систем кон најмладите, а  недозволиво е тие да бидат препуштени сами на себе потенцира директорот на НУ Библиотеката „Григор Прличев“, Тоде Илиески. „Авторите не се мотивирани да творат за деца затоа што оваа литература од школскиот систем е обезвреднет…

Ное 29, 2010

Во центарот на Охрид, но сеуште во кал и прашина

Во 21-от век, а секојдневно кал или прашина пред нашите домови. Со овие зборови жителите кои живеат на улицата „Анастасија Узунова“ лоцирана во централното градско јадро, се обратија за помош до нашата телевизија. Тие велат дека веќе неколку пати се обратиле и до Локалната за помош, но оттаму само со ветувања за скоро решение на проблемот. Инаку, пред извесен период на оваа улица беа изврешени зафати на канализационата мрежа, па сега состојбата е во целост неподнослива, додаваат жителите. Се обративме до Одделението за комунален развој и сообраќај, од каде не информираа дека нерешените имот…

Ное 27, 2010

Просторот Мазија остана без Холандскиот парк

Засега нема трага од најавата дека Охрид ќе  добие Холандскиот парк со функционална целина која ќе го симболизира традиционалното македонско –холандско пријателство.  На терен од сработените  градежни зафати  пред 7 месеци е видлива само поплочената патека со црвени бекатон плочки и по некоја светилка. Градоначалникот Петрески признава дека паркот не е целосно завршен. 90 посто од работите за кои била надлежна Локалната самоуправа се завршени, сега се чека на холандската донација. Градоначалникот, сега оптимистички најавува дека со холанандските пријатели  ќе ги продолжат работите штом пукн…

Ное 27, 2010

Охридско лето премина во Национална установа

Фестивалот Охридски лето премина во национална  установа. Со најновите измени на стутот на оваа институција охриѓани, конечно  ќе добијат побогат културен живот. Фестивалските манифестации ќе се одржуваат  во текот на 365, а не  како досега само во 40 дена фестивалско живеење. Се предвидуваат низа можности, покрај организирање на фестивалот, се предвидени копродукции на филмски и театарски престави, печатење и издавање книги и весници, репродукции, угостителси услуги, арт кафе, продажба на сувенири, организирање на меѓународни саеми, конгреси и семинари посебно на фестивалските филмови,“ об…

Ное 27, 2010

Самоубиство во село Tребеништа

Утринава околу 04.00 часот (18) Н.Д. се самоубил зад семејната куќа со пушката која легално ја поседувал неговиот татко. Предходно несреќното момче имало сообраќајка со своето возило на стариот пат Волино-Мешеишта. Удрило во дрво, по што го оштетило возилото, но некако успеало да дојде до својот дом. Најверојатно, во момент на силен емотивен стрес момчето се одлучило да си го одземе животот. Полицијата, истражен судија и патолог извршиле увид на местото на трагедијата. патологот не констатирал траги на насилство врз телото на починатиот.    {loadposition content9}

Ное 27, 2010

СВР не простува, постојано крева автомобили

Пајак Службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори. Жителите од овој дел на Охрид бараат спас но јавно не сакаат да проговорат за новонастанатиот проблем, плашајќи се дека ако јавно проговорат тогаш ќе бидат мета во следните акции. „Никој не замерува што се подигнуваат автомобилите кои се паркирани на тротоарите или оние кои подолг период се стационирани на едно место, нам ни смета што се подигнуваат сите, дури и кога ќе подзастанеш на…

Ное 26, 2010

Уште една лоша слика од Македонија го обиколи светот

Што и се случи вчера на Македонија? Дали она што синоќа целокупната македонска јавност го гледаше во етерот, а се случуваше пред вратите на објектот во кој е сместена А1 телевизија, значи морален крах – и на националниот медиум и на  државата.Многу прашања останаа да лебдат во воздух, за кои најверојатно никогаш нема ни да ги слушнеме вистинските одговори. Дали навистина Управата за јавни приходи не можела 16 месеци да допре до финансовата евиденција на фирмите на Рамковски, па морала да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи за да дојде до нив? Дали новинарите навистина ј…

Ное 26, 2010

Не згради во центарот на Охрид, туку зеленило

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ги актуелизира  старите урбанистички планови за централното градско подрачје. Тие упатија обвинувања на адреса на  градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа за урбанистичките планови со кои ќе се гради во ценатрот на Охрид. „Со тоа се задира во срцето на градот за сметка на зелениот појас“,  незадоволно регираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Атанаско Михаилов претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ упати прашање до кога градоначалникот и локалната самоуправа, урбано ќе го деградира Охрид. Се потенцираа новите урбанистички решенија со кои градоначалникот предл…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top