Група револтирани припадници на противпожарната територијална едница, кои сакаа да останат анонимни, се пожалија дека единствено тие биле отстранети од списокот за добивање на овој екстра приход. Нивниот командир Спасе Прентоски пак, вели дека иако уште од 2004-та година противпожарните територијални единици се преземени од страна на општината, нивното финасирање, сеуште го прави некој друг.„Но финансирањето на противпожарните територијални единици, сеуште го прави државата односно, преку МВР и Министерството за финансии,“ вели Прентоски.Улогата на Локалната е да изработи финансиски план, …
Техничкото образование поблиску до децата. Ставен во употреба кабинетот по овој предмет во основното училиште „Григор Прличев “. Проектот е прв од ваков вид во нашиот град. Во разговорот со учениците тие го изразија своето задоволство и мотивацијата која ја добиваат од спроведувањето на истиот. Со ова опрема на децата им се доближуваат електронските направи. Целта е на интересен и забавен начин, како и преку практична работа да им се пренесат поголеми знаења од областа на техничкото образование.Овој проект е од големо значење за нашето училиште вели професорката по техничо образование, Рис…
На прашањата наменети за Завод и музеј одговараше претставникот од Завод и музеј Горан Патчев. „Локаланата манипулира со граѓаните, кај што им одговара е запазена постапката, а кај што не им одговара не се почитува законот“, рече Патчев. Тој додаде дека завод и музеј дале зелено партерно уредување кај летница и изградба на црквата Св Димитрија, која во овој план ја нема. Тој додаде дека не може да се дозволи првата линија кај кејот да биде со огромни отстапки во висина.Еден од засегнатите со нацрт планот Табана беше и Андон Бојаџи. Тој потенцираше дека со проширувањето на Рибниот рестора…
Околу пладне од два полициски џипа и едно комбе се истоварија полициски службеници- припадници на специјалните единици. Дознаваме дека акцијата е спроведена во одделението на УЈП, кое е сместено во општинската зграда. Портпаролот на УЈП Весна Новаковиќ за ТВМ не сакаше да открие детали за денешната акција, но и не сакаше да одговори на нашето прашање, дали и зошто управата за јавни приходи побарала асистенција од МВР за да влезе во сопствените простории? Исто така, не добивме одговор и на прашањето, дали полициската асистенција била заради носење на документација од еден познат охридски хот…
Во Буџетот на општината за 2011 година проектиран на 13 милиони евра, од кои 7 милиони евра се од блок дотации по одделни намени, нема програма за капитални инвестиции. Најголемата ставка на буџетот, покрај ставката за плати на администрацијата во висина од 435 милиони денари, е изградбата и реконструкција на локалните патишта која изнесува 40 милиони денари. Дел од советниците искажаа забелешки во однос на минатогодишната програма колку е таа досега успешно реализирана.„Не сме разговарале за извршените работи по оваа програми што е направено во Струга и колку општината е успешна. Гле…
Пуштен во употреба првиот суперкомпјутер на Универзитетот за информатички технологии. Станува збор за проект, своевиден предизвик, како со малку финансиски средства да се изработи супер моќна машина. Суперкомпјутерот е изработен од страна на студентите од овој универзитет, под будното око на асистентите. Ваквиот начин на учење, каде со помош на практична работа, студентите се стекнуваат со големи знаења, им овозможува студиозен пристап во спроведување на истражувачката дејност. Ректорот на Универзитетот, проф.д-р Благоја Самакоски истакна дека нивните студенти се идни промотори на земјава и…
Јавна расправа за развојните програми на Општина Охрид за 2011 година. Денешната средба со граѓаните и претставниците на месните заедници, градоначалникот Александар Петрески ја оцени како општо корисна за сите. Според него, граѓаните имаат легитимни и скромни барања кои мора да се реализираат, а приоритет ќе се даде на најкритичните. Проектираната сума од околу 16 милиони евра за буџетот за 2011 година, Петрески ја гледа како реална и смета дека секој денар оди на вистинско место.
За разлика од Петрески, советничката од редовите на ВМРО –ДПМНЕ Јованка Дамоска, смета дека ако се одземат 6-т…
За првпат годинава во Охрид и Македонија одбележан меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Годинава невладината организација за прв пат го одбележа „Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници“. Од ХОПС спроведоа низа активности со цел луѓето да се запознаат со неправдите кои ги пратат сексуалните работници.„НВО ХОПС не располага со податок колку вкупно сексуални работници има во Охрид, затоа што како што велат тие не ги регистрираат, туку овие работници само ги бележат со симбол“, вели Јулијана Настоска – социјален работник НВО ХОП…