„Гласовите за малите политички партии, не се изгубени гласови“, велат од Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ. Кандидатот за пратеник за 5-тата ИЕ од оваа партија, Горан Лекоски, укажа на се позачестените апели на двете најголеми политички партии до неопределените гласачи, да не ја даваат својата доверба на малите партии.
„Апелираме до граѓаните, да не подлегнуваат на таквите гласини, зошто тие не ги поседуваат вашите гласови. На 5-ти јуни граѓаните да гласаат по свое убедување и да покажат дека се личности, а не само бројки во избирачките списоци“, вели Лекоски.
Од ПОДЕ…
СДСМ и ВМРО-Народна си поигруваат со чувствата на граѓаните, но на 5ти Јуни народот ќе ги казни транзиционите политичари-велат од ВМРО-ДПМНЕ. На денешниот пресс тие изразија незадоволство од како што велат -контрапродуктивната коалиција на СДСМ и ВМРО-Народна. Според нив, СДСМ манипулираат со луѓето кои се со десна политичка ориентација. Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели-„Не само Бранко Црвенкоски, туку целата екипа на транзициони политичари на 5ти Јуни заминува во историјата.
„Многу е јасно дека во Македонија функционира коалиција помеѓу БЦ и Љубчо Георгиевс…
Како до мирно решавање на работните спорови? Целта на денешната трибина на Сојузот на синдикатите на Македонија беше да одговори токму на ова прашање. Заштитата на работничките права и брзото и ефикасно решавање на работните спорови сеуште не го нашле своето место во Македонија, но во иднина треба да се обрне што поголемо внимание во таа насока-вели судијата Богоја Стрезоски.Посебни одделенија за решавање на работните спорови-вака функционираат работите во македонското судство. Иако одделенијата добро функционираат, експертите советуваат формирање на посебни судови за работни спорови, нешто…
Викендов, во Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје се одржа Македонска јуниорска математичка Олимпијада, на која охридските математичари постигнаа врвни резултати.
Имено, во мошне висока конкуренција од 50-тина најдобри ученици од Македонија, од основните училишта и од I-ва година од средните училишта (кои ги исполнуваат критериумите за учество на оваа Олимпијада), охридските математичари ги постигнаа следните резултати:
– Теодора Бујароска – ОУ„Христо Узунов“ – сребрен медал
– Виктор Домазетоски – ОУ„Григор Прличев“ – сребрен медал
– Никола Грунчески…
Пријавата ја поднесе градоначалникот на Охрид, Александар Петрески бидејќи според него, настаните околу водата во Лескоец, се политизираат. Петрески смета дека проблемот со водата во Лескоец е одамна надминат и зачуден е кому му одговара белото да го претставува како црно и обратно.
Петрески не попушта. Тој смета дека водата што ја користат мештаните мора да се плати и притоа потенцира дека постапката за приклучок од стар кон нов водоводен систем е секаде иста и за град и за село, поточно секој треба да ги запази законски пропишаните нормативи.
Петрески рече дека како градоначалник на сите …
Охридскиот Плоштад низ времињата го менувал изгледот. Денес е модерен простор со современи кафулиња, споменици, цветен парк, а некогаш бил житно пазариште. Но, и сега и некогаш сите патишта воделе кон него. На тој простор, покрај езерото, се тргувало, се купувало и продавало, пристигале автобуси, доаѓале добронамерници, но и поробувачи.
Во периодот помеѓу двете светски војни на плоштадот бил лоциран житниот пазар. Житото се продавало на кантар, со специјална направа наречена осмак, а не на килограм како денес.
Најмногу на житното пазариште се тргувало со пченица. Два осмаци жито правеле едн…
„Chаllenge to Serve“ или „Предизвик е да се служи“ ќе биде мотото на новоизбраниот гувернер на Лајонс клубовите Дистрикт 132 Македонија, за фискалната 2011-2012 год. д-р. Сашо Василевски, кој денеска едногласно беше избран со акламација. Василески кој во Лајонс клубот охрид е од 2007 год, поточно од формирањето на првиот лајонс клуб во внатрешноста на Р македонија, негов основач и негов прв претседател. Тој помеѓу лајонсите важи за активен и исплонителен секогаш во кабинетот на гувернери на дистрикт 132 од 2008 год. до денеска. Досега организирал и учествувал во многу реализирани и успешни…
Љубчо Георгиевски припаѓа на минатото вели директорот на дирекцијата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, негов некогашен верен следбеник и подржувач. Кандидатот за пратеник пак од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вели соработката помеѓу ВМРО Народна и СДСМ е контрапродуктивна за Охрид. Тој додаде дека Владата на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ припаѓаат на групата луѓе кои што сакаат да создаваат, а не да разурнуваат.
„Во овој период имаме една јасна диференцијација помеѓу луѓето кои што сакаат да работат и за жал или за среќа на едната страна имаме луѓе кои што го прават …