Охридските математичари повторно меѓу најдобрите

Викендов, во Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје се одржа Македонска јуниорска математичка Олимпијада, на која охридските математичари постигнаа врвни резултати.

 |   | 
matematika
математика

OU Hristo UzunovВикендов, во Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје се одржа Македонска јуниорска математичка Олимпијада, на која охридските математичари постигнаа врвни резултати.

Имено, во мошне висока конкуренција од 50-тина најдобри ученици од Македонија, од основните училишта и од I-ва година од средните училишта (кои ги исполнуваат критериумите за учество на оваа Олимпијада), охридските математичари ги постигнаа следните резултати:

–          Теодора Бујароска – ОУ„Христо Узунов“ – сребрен медал

–          Виктор Домазетоски – ОУ„Григор Прличев“ – сребрен медал

–          Никола Грунчески – ОУ„Христо Узунов“ – бронзен медал.

Солиден пласман постигна и ученичката Сања Симоновиќ – ОУ„Христо Узунов“.

За постигнување на овие резултати придонесоа и нивните ментори, наставниците Лазо Ангелоски и Драгиња Марковиќ.

Учениците Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски ќе бидат дел од шестчлената екипа ученици кои ќе ја претставуваат Р.Македонија на претстојната Балканска јуниорска математичка Олимпијада. Ова највисоко натпреварување од ваков ранг на Балканот, ќе се одржи од 19-24.06.2011 година во градот Ларнак, на Кипар.

Нивните ментори и училишта се надеваат на поддршка од Локалната самоуправа за реализација на ова врвно натпреварување. Се надеваме дека охридските математичари и од таму ќе се вратат со врвни резултати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top