„Договорот со концесионерот веќе завршува во феруари месец 2012 година, кога ние треба да ги преземеме централните паркинзи, односно оние со кои сега стопанисува концесионерот, но мислам дека освен тие, ќе имаме и други паркинзи во градот, вели директорката. Годината која е пред нас, додава таа, ќе ја одбележат и неколку проекти со кои ќе се унапреди развојот на спортскиот туризам. Поради тоа, посебно внимание ќе се посвети на работата на базенот, потенцира Јованоска.„Сето тоа не доведе да размислуваме и за базенот повеќе. Оваа година како ЈП размилсуваме за годината која е пред нас на сами…
Ова е успешната приказна на основното училиште „Братство Единство“. Дванаесетина деца по завршувањето на редовната настава, своето време го минуваат во дополнителна просторија во рамките на училиштето. За нив се грижи наставничка ангажирана од страна на локалната, но сите други потреби на децата се задоволуваат од сопствен џеб и преку донации.Малку пари, а многу успеси. Кога човек ќе се запраша како функционира продолжениот престој во ОУ „Братство Единство“, едноставно не ви паѓа напамет ниту еден одговор, а се наметнуваат уште повеќе прашања. Дванаесет дечиња, по завршувањето на редовната …
Месниот огранок на Здружението на пензионери од Горна Влашка маала е еден од поактивните во Охрид. Иако формиран на почетокот од оваа година пенизонерите од овој реон имаат донесено програма со многу активности. Неодамна пензионерите одржаа средба на која беа присутни и пензионери од соседните месни ограноци од Видобишта и Васил Главинов. Присутни беа над 130 пензионери кои беа запознаети со нашите планирани активности за да се подобри животот на пензионерите, вели претседателот на Месниот огранок Горна Влашка Маала, Димче Стојкоски. „Се обидуваме на изнемоштените колеги да им помогнеме, …
Осцилациите на нивото на охридското езеро се поизразени. Тие се природна појава, но загрижува фактот што од година во година стануваат се подраматични. „Причина за тоа се климатските промени, но не смееме да го минимизираме ни човекот како фактор“, вели претстевникот на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Дејан Пановски.„ Она што е важно е тоа дека нивото на Охридксото езеро е зависно од управувањето со басенот со реката Црн Дрим. Поради тоа влеговме во нова фаза, нов процес викан Дримски Дијалог и нова процедура на работа со управувањето на реката Црн Дрим, заради што …
Место за паника и страв нема смируваат одговорните луѓе од двете институции кои ја контролираат водата за пиење од градскиот водовод, по зачестените реакации дека водата во охридскиот водовод има сомнителен квалитет. Многу граѓани се жалат дека водата од градскиот водовод во изминативе денови имала чуден мирис. Од МЈП „Проаква“ упатуваат смирувачки тонови дека водата за пиење од градскиот водовод нема сомнителен квалитет, таа е микробиолошки и бактериолошки исправна вели Владимир Алексиоски , одговорен за испитување на квалитетот на водата од Проаква. Мостри за испитување на водата за…
Познатиот македонски фудбалер Иван Тричкоски денес беше во несекојдневна мисија. Фубдалерот ја посети детската градинка „Лихнида“ и одговараше на детските искрени прашања поврзани со фудбалот. Тричкоси истакна дека е тешко да се биде фудбалер ама е задовоство да се биде меѓу децата за се потикнат на спорт. Тричкоски се надева дека еден ден некое од децата можеби ќе тргне по неговите стапки. „Мој совет до сите деца е да спортуваат без ралика дали тоа ќе е фудбалот или некој друг спорт. Успехот доаѓа сам по себе после тешките тренинзи и здравиот спортски дух“, истакна Тричкоски . Одговорна…
Тридневна обука и асистивни уреди како донација доби ОУ „Братство Единство“ од Охрид. Асистивните уреди се наменети за олеснување на работата и подобрување на образовниот процес за децата со посебни потреби. Овие уреди вклучуваат адаптирани џојстикови, тракбол уреди наместо обични глувчиња како и тастатури со големи копчиња. Уредите се наменети за деца кои имаат нарушени моторички функции, проблеми со интелектуална попреченост, патат од аутизам, дислексија, оштетувања на видот и говорот и други нарушувања. „Во нашето училиште се вклучени ученици со посебни образовни потреби уште од 2001 год…
Според најголемиот пишан туристички водич – Лонли планет, кој е во сопственост на ББЦ, нашиот туристички бисер се најде во друштво на Њу Јорк, Бостон, Порто, Токио, Мексико. „Европјаните константно се во потрага по следната хит дестинација, а пријатната Македонија, од ден на ден добива на популарност, особено поради прекрасните планински лозја, езерата и црквите од византискиот период, а и поради причината што е место преку кое мора да поминете доколку го шетате Балканот. Далеку од бучната престолнина Скопје, духовното срце на оваа земја се наоѓа на само три часа возење, во градот Охрид. Пр…