Јан 18, 2012

Исчезнато лице

Камбер Демирали на 24-ти декември го напуштил својот дом и од тогаш му се губи секаков траг. Неговото семејство изгубило секаков контакт со него. 40 годишниот Демирали е глувонем. Роден е на 28 февруари 1972 година со адреса на живеење на ул. „Рахмут Рифат“, бр.7.Се молат граѓаните кои имаат било каква информација за Камбер Демирали да го контактираат семејството на тел. 046/ 261 921.{loadposition content9}

Јан 17, 2012

Охрид доцни со апликациите за електронски здравствени картички

Аплицирањето за добивање на електронски здравствени картички во Охрид тешко се спроведува. Ниту на охридските пензионери, ниту на матичните лекари не им се брза со поднесувањето на формуларите. Пензионерите како најголема група на здравствени осигуреници, во останатите подрачја со далеку поголем одзив од оној во нашиот град. Фондот за здравствено осигурување токму од оваа категорија не очекуваше ваков проблем, бидејќи оттаму претпоставуваа дека поради честите посети на матичните лекари, пензионерите ќе бидат оние кои најбрзо ќе ги поднесат своите формулари. Сепак реалноста далеку поразлична…

Јан 17, 2012

Предадено кумството за верската манифестација Водици 2012

Новиот кум, проф д-р Ванчо Чифлиганец го презеде кумството за верската манифестација Водици од стариот кум Лотески. Познатиот стопанственик е 10-от кум по ред,  избран од граѓанското здружение „Богојавление“ и е првиот кум што нема охридско потекло. Новиот кум не го криеше задоволството од честа која му е доделена. Истакна дека по ланското капење во езерските води на овој ден имал успех на многу полиња во животот.  Кумот  Чифлиганец сака прославата на Водици да ја зголеми со нови содржини. Покрај бројните подароци за среќниот фаќач на крстот и учесниците во оваа церемонија, Чифлиганец најав…

Јан 17, 2012

Во Охрид одржана јубилејната стота седница на сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“

„Покажуваме дека ФТУ од Охрид не се базира само на теоретски знаења туку во огромен дел и на искуството и практичните знаења што значи дека нашите студенти се спремни од утре да влезат во индустријата и стопанството и да работат“ вели Коруноски.Во тек е и реализацијата на проектот за опремување на факултетите од овој универзитет, овозможен од Владата на РМ преку кој  добиена е лабораториска опрема на неколку факултети во висина од над милион евра. Опремата ја добија Биотехничкиот факултет во Битола, ветеринарниот, Технолошко техничкиот факултет од Велес и Високата медицинска школа во Битола…

Јан 16, 2012

За лажно „понижење“ 3000 евра глоба

Распродажби и попусти речиси во секоја продавница. Но, колку се тие реални и колку исправно се спроведуваат, ќе покажат контролите на пазарниот инспекторат. Периодот на силни распродажби и невидени попусти е во полн ек. Огромни натписи на излозите со кои се нудат производи намалени дури за 50%, речиси на сите дуќани во старата чршија. Но граѓаните реагираат, сомневајќи се во нивната реалност. Вангел Спироски од ОПМ од Охрид вели дека иако до нив сеуште не стигнала преставка од потрошувачите која се однеува на оваа проблематика, сепак јавувања и реакции има.„ Како има примери, има натпис на …

Јан 16, 2012

Локалната самоуправа и советот, за едни мајка, за други маќеа

Вака е насловено писмото кое до нашата редакција го испратија група граѓани кои се незадоволни од односот на Градоначалникот Александар Петрески и Советот на Општина Охрид за процесот на донесување на деталните урбанистички планови за опфатите Табана и Ривиера. Во писмото стои: „Дозволете преку Вашиот ценет медиум јавно да го изразиме нашиот револт од односот на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид кон процесот на донесувањето на деталните урбанистички планови. Сметаме дека таквиот однос може да се опише со онаа народната- “за едни мајка за други маќеа”, бидејќи процесот на донес…

Јан 16, 2012

Спортската сала во Велгошти за скоро ќе профункционира

Спортската сала во Велгошти според најавите на првиот човек на агецијата за млади и спорт за брзо време ќе биде ставена во функција. Директорот на агенција, Лазе Поповски истакна дека со здружени сили со локалната самоуправа се прават напори салата да профункционира.„Планирано е да се започне со санција и адаптација на тој спортски објект и се надевем дека и за таму ќе имаме разбирање како што имавме и за базенот.  За сега тоа што е во програмата, тоа ќе се реализира“, вели  директор на агенција за млади и спорт, Лазе Попоски.„Салата во Велгошти е изградена, но меѓутоа во фунција како објек…

Јан 16, 2012

Шок за концесионерите на плажите

Откако во Септември истекоа старите договори, Министерството за транспорт и врски бара од концесионерите плажите да се вратат во првобитната состојба. Од министерството велат дека место за револт нема бидејќи истото стои во Договорите кои веќе ги потпишале концесионерите. Старите концесии за плажите истекоа во Септември минатата година.  Претставниците од Државниот градежен инспекторат на денешната средба ги шокираа охридските концесионери. За да започне новото лицитирање за добивање на концесии, според Законот, плажите најпрво мора да бидат вратени во првобитната состојба, велат претставни…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top